Тестот за бременост на интервју за работа е минато

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски на денешната прес-конференција ги најави измените во Законот за работните односи во делот на заштита од дискриминација поради бременост

Тестот за бременост на интервју за работа е минато

 

 

Според него состојбата на теренот покажува дека се врши дискриминација на женскиот род при вработување кога на кандидатките им се поставуваат прашања за нивната интима.

„Дали сте бремена и дали планирате бременост во наредниов период не смее да биде прашање поставено на интервју за работа. Со предложените измени се предвидува забрана на сите облици на дискриминација, вклучувајќи го и откажувањето на договорот за вработување на жените кои се наоѓаат во состојба на бременост“, изјави Ристовски.

Тој додаде дека товарот на докажување во случај на дискриминација ќе го носи работодавачот и дека истиот нема да може да бара тест за бременост при вработување на кандидатка.

Ристовски додаде дека жените кои ќе се соочат во ваква ситуација, случајот можат да го пријават на телефонските броеви 15 131 и 15 505 кои се отворени за граѓаните.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет