cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Татко – најважната фигура во животот на ќерката!

Таткото е една од најважните фигури во животот на ќерката. Ќе Ви откриеме зошто е толку одговорен за тоа девојчето да се развие во силна и независна жена

Татко – најважната фигура во животот на ќерката!

 

 

Присуството на таткото во животот на девојчето ја обликува нејзината самодоверба, сликата за себе и мислењето за мажите. Она што е важно во овој однос е таткото да се потруди да живее живот од интегритет, без лажење, за да може детето да стекне реална слика за светот, како и позитивен став кон животот.

Живееме во општество во кое таткото е подеднаков партнер во грижата за детето. Од првиот ден татковците се охрабруваат активно да учествуваат во одгледувањето на детето, да менуваат пелени, да ги бањаат и заспиваат децата и да им раскажуваат приказни. Присуството и трудот на таткото се почеток на многу важен однос. Научно е докажано дека квалитетно поминатото време со женското дете има круцијално влијание врз сите фази од нејзиниот живот. Таткото треба да поминува време со своите деца и да носи заеднички одлуки со мајката. Кога девојчето ќе почне да лази многу е важно и таткото да се спушти на нејзино ниво – на подот, да си игра со неа.

 

Влијание на таткото на сликата на девојчето за себе

Татковото присуство во животот на ќерката е клучно за нејзината самодоверба. Вербалната поддршка и константното присуство во животот на ќерката, сочуството, земањето во предвид на нејзиното мислење, како и учествувањето во нејзиното хоби, е многу важно. Директното учество на таткото и неговото внимание ќе помогнат да се отстрани било каква грижа и да се зголеми сигурноста во сопствените можности.

 

Влијание на таткото на врските на ќерката

Типовите на мажи со кои излегува жената и со кои има долга врска се директно поврзани со видот на врската која ја имала со својот татко. Се надеваме дека татковата фигура влијаела девојчето да стекне позитивно мислење за мажите. Таткото мора да ја третира својата ќерка со почитување и љубов. Без оглед на тоа дали сеуште е во брак со нејзината мајка, покажувањето почит кон неа е задолжително. Тој исто така мора да ги почитува жените како живи суштества, а не како објекти.

 

Улога на таткото во пубертетот

Хормоните се главната причина зошто татковците се повлекуваат од животот на ќерките за време на пубертетот. Кога имаат тинејџерка дома, татковците треба да создадат опуштена ситуација, во која таа сама ќе раскажува за случките во нејзиниот живот. Кога ситуацијата ќе го побара тоа, таткото треба да се извини за своите грешки, затоа што тој гест покажува почитување и љубов кон ќерките и ќе им помогне полесно да ги поминат љубовните маки, кои се нормални за таа возраст.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет