Сокријте ги годините со црвен кармин!
Со текот на годините кожата околу усните и веѓите бледее и дава постар изглед. Контрастот на бои визуелно подмладува, а тоа може да се постигне со добра шминка

Колку повеќе усните, очите и веѓите се поистоветуваат со бојата на тенот, толку повеќе изгледаме постаро. Со текот на годините усните и кожата околу веѓите бледеат, па врз основа на тоа може да се процени нечија старост. Колку е контрастот поголем, толку лицето изгледа помладо, а во тоа најмногу помага црвенот кармин.
Како старееме така усните се повеќе бледеат, но тоа секако можеме да го надоместиме со шминка. За разлика од брчките, ова е потешко да се забележи и многу лесно може да се ублажи.