Што значи крварење во средина на циклусот?

Spotting, или крварење во средина на циклусот е нормална појава и се јавува за време на овулација

Што значи крварење во средина на циклусот?

 

Болката за време на овулација ја имаат мал број на жени и со тоа јасно може да се одреди во кој јајник се случува овулацијата. Болката настанува како последица на надразнувањето на абдоменот со фоликуларна течност, трае кратко и може да биде со различен интензитет. Зголемената болка  за време на овулација најчесто се јавува кај жени кои имале оперативен зафат во пределот на карлицата и кај жени кои боледуваат од ендометриоза.

До појавата на овулациско крварење обично доаѓа заради наглото опаѓање на нивото на хормонот естроген, кој ја достигнува својата највисока вредност во очекуваното време на овулацијата и со тоа предизвикува блага нестабилност на слузницата на материцата. Крварењето е обично кратко, со траење од неколку часа до најмногу три дена, со оскуден интензитет и кафеава боја и не пречи при забременување. Ако стане константно секој месец и трае подолго од три дена, се советува опсежно испитување, кое вклучува ПАП тест, микробиолошко испитување на брисеви, гинеколошки и ултразвучен преглед, со цел да се исклучат други органски пореметувања (миом, ендометриоза, функционални цисти на јајниците) и секако, одредување на нивото на хормоните во крвта.

 

Урамнотежете ги хормоните и намалете го стресот

Крварењето за време на плодните денови или т.н. spotting е нормална појава која е присутна кај голем број девојки и жени. Падот на естрогенот е во овој случај нормална појава и кај жени во почувствителен организам може да резултира со благо крварење во средината на циклусот.

Ако ги броиме деновите на циклусот, тогаш крварењето се јавува  околу 14-16 ден, зависно од должината на циклусот. Крварењето може да се појави во втората половина на циклусот и тоа пред менструација, а тогаш е поврзано со падот на прогестерон и пропаѓање на жолтото тело (corpus luteus). Во секој случај потребно е да се урамнотежат хормоните и да се намали стресот.  Советите на лекарите се:

  • Јавете се кај својот гинеколог на контрола и барајте совет.
  • Не користете контрацептивни средства без да се посоветувате со лекар.
  • Не користете лековити билки

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет