Што открива родилната тежина на бебето?

Родилната тежина е една од првите информации што родителите ја дознаваат за своето бебе, но таа не е само бројка.

Што открива родилната тежина на бебето?

Таа може да даде увид во текот на бременоста, развојот на бебето и неговата почетна адаптација на надворешниот свет.

 

Што се смета за нормална тежина?

Најчесто, бебињата се раѓаат со тежина помеѓу 2.500 и 4.000 грама.

Бебињата над или под овие граници не мора да имаат проблем, но може да бараат поголемо следење.

 

Што може да покаже пониската тежина?

Пониската родилна тежина може да укаже на:

  • порано породување,
  • помал внес на хранливи материи во бременоста,
  • проблеми со плацентата,
  • бавен раст во матката.

 

Што значи повисока тежина?

Поголема родилна тежина може да биде поврзана со:

  • генетика односно ако родителите се со поголема тежина,
  • продолжена бременост,
  • гестациски дијабетес кај мајката.

Овие бебиња понекогаш имаат потежок почеток на породувањето, но најчесто се здрави.

 

Дали тежината е точен показател за здравје?

Не секогаш. Родилната тежина сама по себе не кажува сè. Подеднакво важни се:

  • гестациската возраст,
  • општата состојба на бебето,
  • дишењето и апгар резултатот,
  • развојот по раѓањето.

 

Како се поврзува со бременоста?

Родилната тежина на бебето често е одраз на условите во текот на бременоста, како: исхрана на мајката, здравје на плацентата, проток на хранливи материи и навремени контроли.

 

Што ако тежината не е „идеална“?

Важно е да се знае:

  • лекарите ја проценуваат целата состојба, не само тежината,
  • многу бебиња со пониска или повисока тежина се целосно здрави,
  • следењето по раѓањето е клучно.

 

Родилната тежина на бебето тежина дава корисни информации, но не е единствен показател за здравјето на бебето. Таа е само почетна точка во приказната за неговиот раст и развој.

Секое бебе има свој уникатен почеток, најважно е како ќе напредува понатаму.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет