Што ни јавува јуни?

Детски песнички

Што ни јавува јуни?

 

Утрово, месецот јуни

во сите градинки и училишта сврати

и ваков "оглас" закачи

на нивните влезни врати:

 

Им се соопштува на сите деца од град и од село

дека набргу ќе пристигне принцот Лето,

со златно сонце среде чело!

 

Затоа, од инто-поитно

да се испразнат занималните и училиштата.

Оваа важна вест да им ја соопштат на

пеперутките, пчелките и птиците

и заедно со нив да го пречекаат свечено на улиците!

 

За родителите, пак, оваа наредба важи:

да им подготват се што им треба

за летување крај песочните плажи.

И сите нивни желби да ги почитуваат...

Децата тоа навистина го заслужуваат!

 

Но, и децата треба да знаат:

додека деновите за одмор им траат,

ќе мора добро да се однесуваат.

Да внимаваат каде и како играат

и да не се караат или навредуваат!

 

Да ги одржуваат чисти местата каде што престојуваат.

Без разлика дали се негде крај река или езеро,

или пак в планина летуваат,

законите на природата мора да се почитуваат.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет