cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Што ги разубавува жените повеќе од шминка?

Кога ќе ја симнат шминката и сите додатоци кои ги разубавуваат, што е тоа што ја покажува женската внатрешна убавина?

Што ги разубавува жените повеќе од шминка?

 

Помеѓу средување, кубење, пеглање на косата, дотерување и пилинг, жените се толку многу опседнати со надворешните детали што го забораваат она на што ги научиле мајките – дека внатрешната убавина е најважна

Но, постојат и жени кои ги сфатиле сериозно овие зборови и не чувствуваат потреба да се шминкаат  кога одат на работа, на вечера или во теретана.

Тие мислат дека навитканите трепки или нацртаните веѓи не ги прават поубави, туку поубави ги прави она што зрачи одвнатре.

Кога ќе ја симнат шминката и сите додатоци кои ги разубавуваат, што е тоа што ја покажува женската внатрешна убавина?

Овие пет работи ја прават жената убава и не можат да се најдат во најблиската парфимерија.

 

Страст

Страсните луѓе се најсреќни, можеби заради тоа што сфатиле која е нивната цел и се трудат да ја постигнат.

Кога жената е окупирана со спасување на загрозени лица, или е преокупирана со борба за зголемување на минималната плата или пак е шеф во светот на мажите, таа нема време да се гриж и за непотребни работи.

Факт е дека нејзиниот живот има цел, а нејзината идеја е доволно силна за да стигне до таа цел и да биде притоа убава.

 

Сочувство

Иако поговорката вели дека убавината е во очите на посматрачот, жената која повеќе се грижи за другите отколку за себе е убава.

Не е лесно да ги ставате другите пред себе и да чувствувате емпатија кон луѓето со кои сте поврзани.

Знак на искрена убавина е во тоа што можете да поминувате покрај луѓето, а тие да чувствуваат емпатија кон вас.

 

Памет

Неодамнешната венчавка на најпосакуваниот ерген, Џорџ Клуни и адвокатката за човекови права Амал Аламудин, докажа дека паметот е секси. Кога жената е добра во дебата, или може да смисли креативни решенија за своите проблеми, таа не се потпира на површност за да се почувствува убава и исполнета. Нејзините зборови го прават впечатокот за неа подобар, повеќе отколку што совршениот изглед може да го направи тоа.

 

Духовита личност

Доколку жената не сака да оди на бањање за да не го расипе својот совршен изглед, фризура или шминка, тогаш таа има проблем со приоритетите.

Жената која низ животот оди без шминка и притоа е духовита и секогаш насмеана, поубава е од било која жена која личи на кукла од излог.

 

Прилагодливост

Во ситуации на трагедија или во некои други тешки ситуации, некои жени имаат особина да се издигнат и да преживеат. Овие искуства влијаат на тоа каква личност ќе станеме.

Сознанието дека може нешто да се надмине ја прави жената силна и посамоуверена. Тажните очи или брчките од грижа не се нешто што треба да се прикрива или исправа со ботокс, тие се знак дека жената чувствува и дека нејзината внатрешност е убава.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет