Шминка за топлите летни денови
Во летните денови, дури и без интензивно изложување на сонце, кожата сепак добива некоја потемна нијанса од природната. Но, со малку шминка ќе се надополни исончаниот изглед

Многу е важно шминката што ја користите да биде што полесна и што посветла. Затоа, како за подлога изберете течна пудра во малку потемна нијанса. Пред да нанесете тенок слој, измешајте ја со неколку капки вода или пак со малку крем за лице. Во ниеден случај не користете пудра во прав, бидејќи ќе ви го исуши лицето. За посвеж и поздрав иглед јаболчниците нагласете ги со малку руменило во боја на праска.
За да ги нагласите очите доволно би било да нанесете водоотпорна маскара, но нема да погрешите и ако нанесете малку сенка за очи во некоја светла, мат боја. Доколку користите моливче за очи, ви препорачуваме да нанесете само една тенка линија на горните капаци. Драматичното нагласување оставете го за вечерните часови.
Усните заштитете ги со балсам со УВ-заштита. За да го добиете ефектот на сочни усни, може да нанесете течен сјај со боја на корал, малина или праска како завршница.