Сеќавање на нашите прерано изгубени бебиња

15 октомври е ден кој е посветен на прерано изгубените бебиња во бременоста, или непосредно по раѓањето. Родителите од цел свет палат свеќа во 7 часот попладне и ја оставаат да гори еден час, како знак на сеќавање на прерано изгубените бебиња

Сеќавање на нашите прерано изгубени бебиња

Бидејќи луѓето од различни делови во светот живеат во различни временски зони, палејќи свеќа 1 час ќе се направи бран од светлина кој ќе ја осветлува земјата во тек на 24 часа, како сеќавање на прерано изгубените бебиња.

 

Кога детето ќе ја изгуби својата мајка го нарекуваат сираче, кога мајката ќе го изгуби својот сопруг, ја нарекуваат вдовица. Само за мајката која го изгубила своето дете не постои назив, веројатно затоа што не може со зборови да се опише тежината на загубата.

 

Изнаоѓaјќи начини да ја запомнат загубата, родителите наоѓаат начини да се помират со неа. Тоа ви помага да се сеќавате, но исто така и да одите напред.

 

Изгубените бебиња засекогаш ќе живеат во срцата на родителите, иако воопшто не биле, или многу кратко време биле заедно со нив. Сеќавајќи се на нив го одржувате споменот жив и продолжувате напред...

 

 

Потсетете се на нашите форуми на своето прерано изгубено бебе/на своите прерано изгубени бебиња.

 


Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет