cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Седум начини за побрзо забременување

Сакате да забремените баш сега! Секако, оваа задача сакате да ја решите како и сите други задачи и работни обврски. Но, ова е можеби прв пат кога жената нема контрола над ситуацијата...

Седум начини за побрзо забременување

Сепак постојат некои работи кои може да ги направите за да ги зголемите шансите за забременување.

 

Направете гинеколошки преглед

Пред официјално да почнете да правите бебе, посетете го својот гинеколог. Посоветувајте се со гинекологот во врска со пренатални витамини кои содржат фолна киселина. Ако имате било какви здравствени проблеми треба да ги излечите или да ги држите под контрола, за да имате нормална бременост.

 

Запознајте го својот месечен циклус

Клучна работа е сексуалната едукација. Жената треба потполно да го разбира месечниот циклус и да го спознае однесувањето на својот организам, за полесно да остане бремена. Свеста за симптомите на овулација, кои вклучуваат промени во цервикалната слуз (исцедокот е воденкаст и слузав), може многу да ви помогнат. Други знаци на овулација вклучуваат блага болка во пределот на стомакот. Тоа е знак дека треба да водите љубов. Првиот ден од Вашата менструација е почеток и се смета како прв ден. Жените на кои циклусот им доаѓа на 28. ден овулираат  14 дена од првиот ден на циклусот. Многу жени имаат пократки и подолги циклуси, па овулацијата потешко може да се пресмета.

 

Не постои најдобра положба за зачнување

Можете да наидете на безброј митови во врска со тоа која е најдобра положба во сексот за да забремените. Но тоа се само митови. Не постои научен доказ кој тврди дека мисионерската положба е подобра од положбата кога жената е горе, во процесот на правење бебе.

Одредени положби кои и пркосат на гравитацијата, како што се седење или стоење можат да ги обесхрабрат сперматозоидите да се искачат горе во тек на половиот однос. Не ги практикувајте кога правите бебе.

 

Лежете после половиот однос

Можеби и порано сте чуле дека треба да лежите во кревет со подигнати нозе, за да ги зголемите шансите за забременување. Ова тврдење не е точно во потполност. Советот да лежите во кревет е добар, но не морате да ги држите нозете подигнати.  Вашата карлица, каде што се одвива зачнувањето, не се помрднува кога ќе ги кренете нозете. Немојте да одите во тоалет 15-20 минути по половиот однос.

 

1

 

Не претерувајте со сексуални односи

Константното водење на љубов, дури и во периодот на овулација, нема многу да ги зголеми шансите за забременување. Премногу секс е одлична идеја, но спермата на мажите се разредува при почеста ејакулација. Генерално, водењето љубов секој втор ден во време кога овулирате, ќе ги зголеми шансите за забременување. Сперматозоидите можат да живеат 72 часа во вагината по ејакулацијата.

Говорејќи од аголот на сперматозоидите, носењето на тесна облека и лежењето во топла када или џакузи, може негативно да влијае на нив. Исто така мажите треба да исклучат соја од исхраната, бидејќи ја намалуваат концентрацијата на сперматозоиди.

 

Ослободете се од стресот како знаете и умеете

Периодот кога се обидувате да забремените може да биде исклучително стресен, а стресот може да ја поремети овулацијата. Исто така може да предизвика сексуална дисфункција кај мажите. Иако употребата на алкохол не е препорачана за време на забременување, една чаша вино ќе Ве опушти и ќе Ви помогне сексуалниот однос да Ви биде поубав.

 

Водете здрав живот

Вежбањето е одлична работа за телото, но не е добро (ако е претерано) кога се обидувате да забремените. Претераното вежбање може да ја запре хипофизата да им пренесе на јајниците наредба да овулираат.

Тоа не значи дека треба да престанете да вежбате. Прв знак дека треба да намалите со вежбите е ако менструацијата почне да Ви доцни. Вклучете умерени вежби, како што е получасовно брзо движење, три пати неделно. Внимавајте на исхраната – диетата е меч со две острици за жените кои се обидуваат да забременат.

Престанете со пушењето за да ги зголемите шансите за забременување. Освен негативните ефекти на никотинот, оваа лоша навика влијае и на плодноста. Влијае на нивото на естроген и на овулацијата.

85% од жените ќе останат бремени во текот на првата година од активното обидување. Ако не сте забремениле и после година дена, обратете се кај својт гинеколог за да ги направите сите испитувања врзани за плодноста.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет