cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Се дебелеете во стомакот и ви опаѓа косата?

Жените кои имаат синдром на полицистични јајници имаат тендеција многу брзо да се дебелеат, а губитокот на тежина им претставува “невозможна мисија”.

Се дебелеете во стомакот и ви опаѓа косата?

 

Тоа се случува поради резистенцијата на инсулин и лептин. Поради инсулинската резистенција вашето тело полесно складишти масти, а поради лептинската резистенција вашиот мозок мисли дека сте во режим на гладување.

Со инсулинската резистенција, мастите се таложат на стомакот, а овој вид на масни наслаги е најризичен фактор кога станува збор за здравјето на срцето.

 

ПРОБЛЕМИ СО СПИЕЊЕТО

 

Синдромот полицистични јајници е во силна врска со апнејата, потенцијално опасна состојба која се карактеризира со непрекинато запирање на дишењето во текот на сонот.

Апнеја може да доведе до висок крвен притисок, срцеви заболувања, дебелина и промена во расположението. Знаците кои покажуваат дека имате апнеја се: многу гласно рчење и чувство на умор кога ќе се разбудите.

 

ЦИСТИ НА ЈАЈНИЦИ

 

Иако називот синдром на полицистични јајници подразбира дека цистите на јајниците се главниот “резултат”, тие сепак не се неопходен фактор.

Важно е да се знае дека цистите при синдром полицистични јајници не се типични цисти на јајници, туку се делумно развиени фоликули каде јајце клетките живеат додека не бидат “ослободени” за време овулацијата.

Младите жени имаат вакви мали цисти додека повозрасните ги немаат толку често. На ултразвук, најчесто се опишуваат како “повеќе мали фоликули”.

 

Извор: nmd.mk


Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет