Само жената е одговорна за фертилитетот. Опасен мит што сe уште опстојува

Кога бременоста не доаѓа веднаш, прстот најчесто се вперува кон жената. Испитувања, прашања, совети, тишина. Машкиот фактор често останува на маргините како да нема улога.

Само жената е одговорна за фертилитетот

Но науката е јасна, фертилитетот никогаш не е одговорност на само една личност.

 

Што вели медицината?

Статистиката покажува дека околу 40% од случаите на потешкотии со зачнување се поврзани со машки фактор, околу 40% со женски фактор, а преостанатите 20% се комбинирани или необјаснети

Фертилитетот е заеднички биолошки процес.

 

Зошто митот сè уште постои?

Историски причини

Со векови, жената била таа што „раѓа“, па автоматски ? се припишувала и целата одговорност.

Медицинска нерамнотежа

Жените често поминуваат низ повеќе прегледи, што создава илузија дека проблемот секогаш е кај нив.

Културен притисок

Машката плодност сè уште е табу тема во многу средини.

 

Машкиот фертилитет е подеднакво важен

Квалитетот на спермата зависи од: хормоналниот баланс, животниот стил, стресот, исхраната, пушењето и алкохолот, температурата и изложеноста на токсини.

Ова значи дека и кај мажите фертилитетот може да се менува односно и да се подобрува или влошува со текот на времето.

 

Што се случува кога вината паѓа само врз жената?

-          Доаѓа до чувство на вина и срам.

-          Се зголемува анксиозноста.

-          Се нарушува самодовербата.

-          Се појавува напнатост меѓу партнерите.

А фертилитетот не се подобрува во средина на вина и притисок.

 

Фертилитетот е тимска работа

Обидите за бременост не се индивидуален проект. Тие бараат: отворен разговор, заеднички прегледи, меѓусебна поддршка и споделена одговорност.

Кога двајцата партнери се вклучени, товарот е полесен, а шансите за зачнување се поголеми.

 

Важно е да се промени наративот

Да се зборува отворено за машкиот фертилитет. Да се престане со обвинувања.
Да се разбере дека секое тело е биолошка творба и така и функционира.

 

Митот дека само жената е одговорна за фертилитетот не само што е неточен, тој е и штетен. Фертилитетот е приказна за двајца. И решенијата започнуваат тогаш кога одговорноста се дели, а не се префрла.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет