Рингераја.мк е наградена од ЦИРа
Доделени се годишните награди за филантропија и општествена одговорност за 2012 година, кои се организираат по шести пат во Македонија од страна на ЦИРа

Доделени се годишните награди за филантропија и општествена одговорност за 2012 година, кои се организираат по шести пат во Македонија од страна на ЦИРа. Беа доделени 12 награди во трите категории на овие награди и 2 специјални награди за посебни или животни постигнувања во развојот на филантропијата.
Рингераја.мк преку својата Филантропска гранка - Дану Филантропија ЈИЕ, ја доби наградата за развој на филантропски практики за здружениja на граѓани.
Благодариме на нашиот партнер - Битолска млекара, благодариме на Цира и наградата ја посветуваме на сите оние со кои ја направивме Прегратка на дар!
Оваа втора по ред награда годинава ќе биде мотивација за многу нови филантроски проекти!