Рингераја во списанието "Досие сино"
Здружението за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром “Во мојот свет” го издадоа вториот број на првото списание за аутизам, АДХД и Аспергеров Синдром “Досие Сино” во Република Македонија. А во него - Рингераја.мк

На страниците на "Досие сино" ќе можете да прочитате текстови од наши и странски стручни лица, ќе можете да ги споделите искуствата со други луѓе кои имаат членови со овие нарушувања, ќе можете да добиете совети од педагози, логопеди, дефектолози, психопедагози, ќе споделите искуства и со луѓе од други земји кога станува збор за аутизмот, АДХД и Аспергеровиот синдром, ќе можете да дознаете за сите најнови достигнувања во светот на ова поле.
Сето ова се прави со една единствена цел, да помогнеме, да поддржиме, да подучиме, да бидеме похумани, навистина големи луѓе.
Рингераја.мк изразува голема благодарност што се најде на страниците на списанието "Досие сино". Нашата цел е иста, да помогнеме, да поддржиме, да подучиме, да бидеме похумани, навистина големи луѓе.
Рингераја.мк е секогаш тука за поддршка на Здружението "Во Мојот Свет"!!!