cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките

Не се сите жени филмски ѕвезди да можат да живеат со чили пиперки и вода со лимон и четири дена по раѓањето да ја вратат титулата на секс симбол. На некои им треба подолг временски период за да го вратат своето тело во нормала по породувањето

Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките

Зар и по раѓањето стомакот останува толкав?

Не се сите жени филмски ѕвезди да можат да живеат со чили пиперки и вода со лимон и четири дена по раѓањето да ја вратат титулата на секс симбол. На некои им треба подолг временски период за да се ослободат од наслагите и да го вратат или евентуално донесат своето тело во приближно иста состојба како претходно. Ако едноставно не можете да го прескокнете тоа прашање, почекајте тоа да го стори родилката.

Бебето плаче! Сигурно е гладно.

Без разлика на вашето мислење со овој заклучок ја повредувате мајката, затоа што така се добива впечаток дека таа го изгладнува детето и дека не знае кога е време да го нахрани. Не е секогаш се толку очигледно, можеби бебето има грчеви, можеби сака цуцла или пак има мокра пелена пелена. Не потценувајте го заморот на мајката која не спиела ни еден час во последните неколку денови на која и сама и доаѓа да заплаче.  

Бебето е толку убаво! Воопшто не личи на вас!

Со таков “заклучок” бидете благодарни да не добиете удар по задникот кога ќе ве испраќаат.

Толку е сладок!

Иако новороденото девојче може и да нема толку бујна коса, мајката не сака кога ”нејзе” ќе ја заменат со него. Можеби нема да се налути и љубезно ќе ви го каже одговорот, но сепак ќе се почувствува непријатната ситуација во која сте ја ставиле со Вашето прашање или коментар.

Нели е време да го одвикнеш од цуцлата?

Има бебиња кои тешко или воопшто нема да ги навикнете на цуцла. Но оние бебиња кои ја обожуваат својата цуцла секако дека ќе се одвикнат од неа или самостојно или со помош на нивниот родител. Не заборавајте дека цуцлата има смирувачки ефект врз бебињата. Покрај тоа помага во спречување на синдром на ненајдена смрт кај новороденчињата.

Детето е буцкасто!

Мајките се свесни дека нивното бебе е буцкасто. Единствeна работа на новороденчето е да јаде, да спие и да сака внимание кога е будно. На крајот повеќето бебиња се буцкасти и тоа ги прави подеднакво неодоливи.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет