Пу, пу, не важи
Детски песнички

Летото е најубавото
годишно време.
Тоа секој од нас
добро го знае...
Но и тоа си има една
лоша мана,
многу кратко за нас
децата трае!
Сал што ќе не собере
за играње
крај убавите песочни
плажи,
среде игра ќе не прекине
велејќи:
Пу, пу, доста беше,
не важи!
Сите во училиште,
септември ве вика
мене ми истекоа дните...
во битка за нови знаења
ѕвончето ве вика сите!