Првите 10 чекори кога ќе посомневате на неплодност

Кога времето поминува, а тестот за бременост и понатаму е негативен, природно е да се појават грижи и прашања. Но пред да дозволите стравот да ве совлада, важно е да знаете дека неплодноста е честа појава и многу често решлива состојба.

Првите 10 чекори кога ќе посомневате на неплодност

Еве ги првите 10 чекори што секој пар треба да ги направи кога ќе посомнева дека нешто не е во ред.

 

1. Дајте му време на процесот на зачнување

Во медицината, неплодност се дефинира како обид да се зачне:

  • 12 месеци кај парови под 35 години,
  • 6 месеци кај жени над 35 години.

Ако времето се уште не е изминато, можеби само треба трпение. Многу парови зачнуваат подоцна од очекуваното.

 

2. Следете го менструалниот циклус

Запишувајте ги: должината на циклусот, симптомите на овулација, промените во цервикалната слуз и базалната температура.

Нередовните циклуси може да укажуваат на проблем со овулацијата која е една од најчестите причини за неплодност.

 

3. Направете тестови за овулација

Овие тестови ги мерат хормоните кои го најавуваат ослободувањето на јајце клетката.
Ако тестовите не покажуваат овулација, тоа е важен сигнал дека треба стручен преглед.

 

4. Променете го начинот на живот

Малите навики имаат големо влијание.
Корисно е: да се намали стресот, да се регулира телесната тежина, да се намали внесот на кофеин, да се отфрли пушењето и алкохолот како и да да се подобри исхраната.

Овие фактори влијаат на хормоните и на квалитетот на јајце клетките и спермата.

 

5. Проверете ги основните хормони кај жената

Гинекологот може да препорача испитувања на: FSH и LH, естрадиол, пролактин, AMH (резервата на јајниците) и тироидни хормони

Нарушувањето на овие вредности може да го објасни проблемот со зачнувањето.

 

6. Направете спермограм кај мажот

Ова е едноставно, брзо и многу важно испитување.
Спермограмот го открива: бројот на сперматозоиди, нивната подвижност и форма, како и присуство на инфекции

Често, токму мажот е дел или целата причина за потешко зачнување.

 

7. Проверете ја проодноста на јајцеводите (ХСГ)

Ова испитување проверува дали јајцеводите се отворени и проодни.
Блокиран јајцевод може да го попречи спојувањето на јајце клетката и сперматозоидот.

 

8. Ултразвучен преглед на јајници и матка

Со ултразвук може да се откријат: полицистични јајници, ендометриоза, миоми, полипи, проблеми со дебелината на ендометриумот

Ова е основен чекор за точна дијагноза.

 

9. Избегнувајте самодијагностика и митови

Интернетот е преполн со недокажани методи и совети. Нема „универзален рецепт“ за зачнување. Секој пар е различен и си има своја приказна.
Најточна е професионална дијагноза од специјалист за плодност.

 

10. Побарајте поддршка и медицинска и емоционална

Не се само хормоните и тестовите важни. Неплодноста е исто така голем емоционален товар.
Разговарајте меѓусебно, побарајте поддршка од психолог или групи за парови кои поминуваат низ истото.
Поддршката не ја лечи неплодноста, но помага полесно и посмирено да се помине целиот тој период на чекање и неизвесност.

 

Сомнежот на неплодност не е крај на приказната туку почеток на процес кој може да доведе до решение.
Со точни информации, брза дијагностика и соодветен третман, огромен број парови успеваат да станат родители.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет