cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Поддржуваме мали бизниси: Handmade chocolate bars

Запознајте ја Јана Јовановска, креативката која, покрај примарната професија дипломиран професор по англиски јазик, меѓу другото, наоѓа време и за инспирација и создавање на преслатки чоколадни задоволства

Поддржуваме мали бизниси: Handmade chocolate bars

Водена од мотото: "Ако можеш да го сонуваш, можеш да го направиш тоа", Јана го живее својот сон.

Рингераја: Креатор си на интересен мал бизнис - персонализирани чоколади. Како се роди ова твое чедо? 

Јана: Идејата за изработка на вакви чоколатца започна уште во 2015 година,кога си бирав нешто уникатно за мојата свадба. Оттогаш изработував само за најблиските и со тек на времето си го направив и профилот на Инстаграм. 

Рингераја: Од идеја до реализација - како изгледаше тој пат, што ти претставуваше предизвик, што и кој те бодреше?

Јана: Најпрвин беше предизвик, бидејќи не сум единствена која изработува персонализирани рачни изработки. Поддршката од фамилијата и од пријателите и честите пораки кои ги добивав од клиентите како се задоволни со изработките ме бодреа и даваа поттик да не се откажам.

Рингераја: Како изгледа твојот работен процес, како се одвива една нарачка од замисла на клиентот до крајната реализација?

Јана: Целиот процес на изработка започнува од желбата на клиентот. Тој добива неколку примери изработени од мене. Откако ќе добијам одобрение дека тоа е тоа што го сакаат, одат на процесот изработка (печатење... сечење... лепење и испорака).

 

View this post on Instagram

A post shared by #Chocolate bars #chocobar (@handmadechocolatebars)

 

Рингераја: Што с? може да се нарача, какви производи нудиш?

Јана: Најчесто тоа се млечни чоколатца персонализирани според ваша желба. Но не значи дека само тоа. Имав нарачка за чоколатца без глутен, исто така и нарачка за посни чоколатца. 

Рингераја: Која нарачка би ја издвоила како најголем предизвик?

Јана: Секоја нарачка е предизвик, една идеја да јa претвориш во реалност. Од "сакам вакви" до "баш таква ми беше замислата". 

Рингераја: Што те инспирира и мотивира? 

Јана: Инспирација се задоволните клиенти, пораките од типот" Преслатки се, се гледаме за следна нарачка" и " Здраво, пак јас, сакам да нарачам..." .

Мотивација и помош имам од мојата фамилија. 

Рингераја: Гледајќи од првиот момент кога ова ти беше само замисла па се до денешните достигнувања, што би рекла, каде се наоѓаш? Би сменила нешто?

Јана: Сиве овие години константно се надоградувам и ја надополнувам понудата. 

 

Рингераја: Планови за иднината?

Јана: Планови за во иднина немам. Еднаш решив да планирам, 2020 година се појави корона. Ќе продолжам со изработувањето на чоколадни задоволства и водењето на профилот напоредно со мојата професија. 

Рингераја: Препорака за сите оние кои размислуваат за сопствен бизнис?

Јана: Препораката би била: Не се двоумете...If you can dream it, ypou can do it! 

За сите пригоди, а особено сега, во пресрет на Велигденските празници, израдувајте ги вашите најмили со најуникатните најслатки чоколадни задоволства! 

Јана со задоволство ќе ја реализира вашата замисла.

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет