cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода

Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни

Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода

Кога прашавме кој "се крие" позади профилот, добивме одговор: 

Дора Мода: Се викам Зорица Миленкоска од Гостивар. Дипломирав на "FAMIS" при Универзитетот Св. Климент Охридски -Битола, но отсекогаш имав желба да бидам моден дизајнер, поточно да се занимавам со нешто што е најблиску до модата и уредувањето. Мислам дека генот за тоа го носам од татко ми.

Ете, дојде ден сонот да ми се оствари, да изработувам и креирам рачно изработени, поточно плетени изработки. Името, односно, надимакот Dora-Moda го добивам уште како мала од мојот стрико(прв братучед на татко ми), тој милуваше да ни дава надимаци на нас внуците и истите да ги римува.

Па, затоа кога бирав име по кое ќе ме препознаваат луѓето го одбрав баш ова и мислам дека не погрешив.

Зорица со задоволство прифати да ни ја раскаже приказната

Рингераја: Од кога се занимавате со плетени рачни изработки?

Дора Мода: Со рачна изработка, односно плетење,професионално, да речам се занимавам од пред три- четири години, кога за прв пат ја имав првата нарачка.

Рингераја: Кога кај вас се разбуди кај вас љубовта кон плетењето? 

Дора Мода: Љубовта кон плетењето ми се роди уште од мојата седма година од мојот живот. Мајка ми постојано хеклаше. Ќе дојдеше од работа, и кога сакаше да се релаксира обавезно си ја земаше иглата во рака и плетеше. Плетеше по шема, разни милиња, чаршафи.... Јас и сестра ми и помагавме и така и двете научивме.

View this post on Instagram

A post shared by Dora Moda (@doramodahandmade)

Рингераја: Вашите изработки се разнолики и уникатни. Во вашата понуда има од се по нешто - за сите и за секаков вкус, од капчиња, шалчиња, декоративни украси, чанти.. Со еден збор - се што може да се создаде со игла/чингелаке и конец.

Дора Мода: Со една игла и конец можеш да се направиш се' што ќе си посакаш. Од модерни ташни, џемпери, корсети.....па, се до играчки, елки, украси за дома, ќебиња...и се' што ќе ти фати окото.

Рингераја: Која беше првата изработка? 

Дора Мода: Мојата прва изработка беше миле, работено по шема и тоа со најтенката игла и со најтенкиот " Корал" конец.

Рингераја: Има ли некоја посебна нарачка која била најголем предизвик за вас?

Дора Мода: Една од поголемите предизвици ми беше едно шарено ќебе 2метри на 2,5 метри, каде што секоја коцка се плете посебно, па потоа сето тоа се спојува. Предизвик кој го изработив за нецела недела.

Рингераја:  Како изгледа процесот на креирање на една вака совршена изработка? Какви типови на плетка практикувате? Кои материјали го користите? Од каде ги набавувате? 

Дора Мода: Обично набавувам конци и вуници во мојот град. Тука има две продавници кои продаваат вакви материјали, но и набавувам од Скопје доколку ми се потребни материјали кои овде ги нема.

Процесот е долг, искрено , и се состои прво од набавка на материјали, па убаво и чисто да се направи посакуваната нарачка, истата убаво да се спакува, да се однесе до карго.... Не е лесно. Сe ова сама го правам.

Да напоменам дека се' што работам е буквално без шема. Јас самата ги дизајнирам моите изработки и тоа во главата и плетам.

Рингераја: Има ли интерес за вашите изработки? Што најчесто се бара?

Дора Мода: За моите изработки има доста голем интерес, посебно во овој период пред Нова Година, кога се бараат најразлични рачно плетени парчиња, а најмногу играчки за најмладите.

Рингераја: Се цени ли рачната изработка?

Дора Мода: Да, има луѓе кои знаат што е убаво, уникатно и со љубов изработено, одредено парче производ. И таквите знаат и да ценат, да си нарачаат и истото со мерак да го носат и користат.

Посетете го нејзиниот профил и израдувајте ги вашите најблиски со уникатен подарок.

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет