cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Поддржуваме мали бизниси: Брзо подароче

Во потрага сте по подароче за на мекици или повојница, можеби за крштевка или роденден, за бебе или детенце? Подароче кое ќе биде уникатно и по пристапна цена, спакувано преслатко и најважно од се, квалитетно...

Поддржуваме мали бизниси: Брзо подароче

Бараш подароче за на мекици или повојница? Можеби ќе треба и за крштевка или сакаш да е уникатно ама по пристапна цена, убаво?

Или едноставно само БРЗО ПОДАРОЧЕ за бебе или детенце?

Спакувано и најбитно КВАЛИТЕТНО. Повели, да го искреираме заедно твоето слатко брзо подароче.

Те очекуваме... има боди, постелнини, муслин прекривки, најбараните двострани прекривки, виножита, плетени играчки, тетра пелени...

Онлајн продавница на само еден клик од вас

Рингераја: Кои производи поточно ги има во вашата понуда? 

Брзо подароче: Ви благодарам на можноста да поразговараме и да дознаете нешто повеќе за нашите брзи подарочиња.

Во нашите понуди се вклучени повеќе производи: боди, прекривки, постелнини, плетени играчки/тропалки/глодалки, тетра пелени, држачи за цуцла, рачно изработени виножита...

Рингераја: Колку време работите и како дојдовте до идејата? 

Брзо подароче: Како Брзо Подароче постоиме веќе година и пол. Интересна е нашата приказна. Првично требаше да биде само еден производ...боди за бебе...така требаше и да се викаме, меѓутоа спонтано и неосетно почнавме да склопуваме сетчиња и одеднаш станаа комплетни подарочиња. Бидејќи денес е брзо време, брзо е се...што би можело да биде попримамливо од ..брзо подароче? Не трошите време за шетање, разгледување, барање попуст ...се е одеднаш кај нас.

podaroce1

Рингераја: Колку потрошувачите се заинтересирани за вашите услуги? Колку сте задоволни од досегашното работење? 

Брзо подароче: Се разбира дека денес еднакви важно со квалитетот на производот е соодветниот маркетинг и секако квалитетот на целокупната услуга. Ние сочувствуваме со нашите клиенти ...подготвуваме подарочиња, чекаме да се роди бебето понекогаш, се радуваме заедно за секое ново бебенце на овој свет. Имаме многу интересни приказни за испраќање/добивање на нашите подарочиња. Има заинтересираност особено од други земји каде се наоѓа нарачателот, а сака да изненади свои блиски тука во нашата Македонија. Особено не' радува тоа што имаме лојални клиенти кои во секоја прилика се обраќаат кај нас повторно и повторно. Тоа верувам дека е добар знак и говори за нас. Задоволството од ова припремање на слатки, мали и нежни подарочиња е неминовно. Не' разгалува сите во тимот. Во глобала сите сетчиња ни се уникатни и самото тоа ни дава идеи за безброј нови комбинации.

podaroce

Рингераја: Производите се достапни онлајн на Инстаграм и Фејсбук профилот (линк) Ваши идни планови?

Брзо подароче: На нашиот Инстаграм и Фејсбук, ги има нашите веќе готови сетчиња, меѓутоа како што кажав секое подароче е приказна за себе, тоа значи дека на клиентот му праќаме моментално достапни дезени, бои, големини од производите како и наши предлози според неговите барања, како би се договориле за одреден склоп на подарок. Секогаш знаеме да изненадиме и се обидуваме да угодиме на бараниот стил.

podaroce2

Рингераја: Што би им препорачале на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?

Брзо подароче: На оние кои размислуваат за сопствен бизнис, би им препорачала пред се да веруваат во позитивен исход. Ова време ни нуди бескрајни можности и треба разумно да ги уживаме. Многу важно е да се има и супер соработници со кои имате синергија и со кои нема простор за многу објаснување, едноставно знаат што сакате. Јас ја имав таа среќа да ги имам и сум им благодарна неизмерно на Антонина Ангорт за изработката на сите рачно плетени убавини од куклички и глодалки и на Гордана Мушевска мајката на мојот сопруг за сите работи за кои е потребно да бидат кроени, шиени..мерени до милиметар и секако за огромната целокупна поддршка.

podaroce3

podaroce4

podaroce6

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет