cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Патувајте безгрижно во Италија

Авантуристички одмор? За или против? Ние велиме ЗА! Долгоочекуваниот авантуристички одмор може да започне: со автомобил до прекрасната Италија или „Чизмата“, како што некои ја нарекуваат...

Патувајте безгрижно во Италија

 

 

Освен што се подготвувате да јадете вкусна паста и да ја видите најубавата архитектура, подгответе се најпрво на подолг пат од околу 1700 км. Замислете, пак, колку би бил авантуристички Вашиот одмор, доколку ги понесете и Вашите деца. Секако, ако добро се подготвите и внимавате на препораките за патување, навистина ќе уживате.

АМСМ препорачува да внимавате на следните патни информации кои важат во Италија:

 

Патни информации

Италија

Патна оддалеченост:

Скопје – Рим – 1718 км

Износ на патарини:

Скопје – Белград – Загреб – Љубљана (Словенија – вињета за 7 дена: 15 евра) – Трст – Падова – Фиренца – Рим: 120 евра

Дозволена брзина:

Во населени места за автомобили и моторцикли е 50 – 70 км на час.

На автопат - 130 км на час.

На останати патишта од 90 – 110 км на час.

Употреба на мобилен телефон за време на возење:

Не зборувајте на телефон додека возите низ патиштата во Италија. Можете да употребувате hands – free. Во спротивно ќе платите казна од 160 – 640 евра

Поважни телефони:

Полиција: 112 или 113

Амбуланта: 118 или 112

Пожарна: 115 или 112

ACI (инфо центар): +39 06 491716

ACI (алармен центар): 803 116

Дозволено ниво на алкохол:

0,05%

Потребни документи:

За влез во Италија не е потребна виза.

За возилото потребни се: зелен картон, меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување туѓо возило, доколку возилото не е лична сопственост.

Амбасада на Италија во Скопје:

За други информации обратете се во амбасадата на Италија во Скопје.

Тел.+389 2 3236-500

Факс: +389 2 3236-515

Е- пошта: segreteria.skopje@esteri.it

Веб страница: www.ambskopje.esteri.it

Безбедносни ремени:

Задолжителни за сите седишта

Детски седишта:

Бебиња/деца до 9 кг мора да седат во детски седишта на задно седиште свртени кон назад. Деца до 36 кг, а пониски од 1.50 м мора да користат специјални системи (ремени, седишта) адаптирани според нивната висина и тежина.

Средно светло дење:

Задолжително за сите возила на отворен пат и преку ден и навечер.

Потребна опрема за во автомобил:

Триаголник: задолжително

Рефлектирачки елек: задолжително

 

Почитувајте ги патните информации и уживајте низ патиштата во Италија. Истите информации можете да ги прочитате и во бесплатната АМСМ мобилна апликација за android и iOS базирани телефони.

АМСМ и Рингераја Ви посакуваат безгрижно патување!

 

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет