cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Патувај паметно во Хрватска!

Ова лето одлучивте да ја посетите земјата на рајските острови, магичната Хрватска? Можеби се двоумите дали со деца е паметно да тргнете на малку подолг пат, но благодарение на АМСМ советите нема ни да почувствувате кога сте пристигнале

Патувај паметно во Хрватска!

 

 

Патни информации

Хрватска

Дозволена брзина:

Во населени места за автомобили и моторцикли е 50 км на час;

На автопат е 130 км на час;

На останати патишта од 90 – 110 км на час

Употреба на мобилен телефон за време на возење:

Мобилниот телефон е забранет. Дозволено е употреба на hands – free. Во спротивно ќе платите казна од 500 куни.

Поважни телефони:

Полиција: 92 или 112

Амбуланта: 94 или 112

Пожарна: 93 или 112

HAK (инфо центар): +385 1 464 0800 (потоа бирајте 0)

 HAK (помош на пат): 1987 или +385 1 1987 од мобилен телефон

Дозволено ниво на алкохол:

0,05%

За млади возачи и возачи на возила над 3,5 т и професионалци дозволеното ниво е 0%

Потребни документи:

За влез во Хрватска не е потребна виза.

Сите посетители мораат да имаат документи и билети за крајната дестинација или повратен билет и доволно финансиски средства, како што следува:

- минимум 100 евра на ден  

- минимум 50 евра на ден (ако има официјална покана или туристички ваучер)

Суми над 10.000 евра мораат да се пријават.

 

За возилото потребни се: зелен картон, меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување туѓо возило, доколку возилото не е лична сопственост.

Амбасада на Хрватска во Скопје:

За други информации обратете се во амбасадата на Хрватска во Скопје.

Тел.+389 2 3248-170

Факс: +389 2 3246-004

Е- пошта: croemb.skopje@mvpei.hr

Веб страница: www.mk.mvp.hr/www.mvpei.hr

Безбедносни ремени:

Задолжителни за сите седишта . Во спротивно би платиле казна од 500 куни.

Детски седишта:

Задолжителни за деца до 2 години на предно седиште во соодветни детски седишта според нивната возраст. Деца до 12 години не смеат да се возат напред. Од 2 до 5 години во соодветни безбедносни уреди на задно седиште, а од 5 до 12 години задолжително користење на соодветни ремени на задните седишта.

Средно светло дење:

Задолжително за сите возила од последната недела во октомври до последна недела во март. Во спротивно би платиле казна од 300 куни.

Потребна опрема за во автомобил:

Прва помош сет: задолжително

ПП апарат: само за комерцијални возила

Триаголник: задолжително

За возила со приколка потребни се 2 триаголника

 Рефлектирачки елек: задолжително- стандард EN-471

 

Запомнете ги патните информации и уживајте низ патиштата во прекрасната Хрватска. Истите информации можете да ги прочитате и во бесплатната АМСМ мобилна апликација за android и iOS базирани телефони.

АМСМ и Рингераја Ви посакуваат безгрижно патување!

 

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет