Патувај безгрижно во Албанија

Несомнено Албанија е новата топ дестинација на Балканот. Оваа малечка земја нема да Ве остави рамнодушни со своето крајбрежје од 460 км на две големи мориња. Во целата приказна за Албанија патиштата се лошата страна. АМСМ Ве советува...

Патувај безгрижно во Албанија

 

 

Некои велат дека во Албанија има повеќе дупки отколку патишта....Но, ако внимавате на АМСМ препораките и советите за патување во Албанија, навистина ќе уживате во патот до омилените дестинации: Драч, Тирана, Ксамил, Валона, Саранда...

 

Патни информации

Албанија

Патна оддалеченост:

Скопје – Тирана – 335 км

Скопје – Саранда – 593 км

Износ на патарини:

Тирана: нема патарини.

Саранда: Скопје – Богородица (2,30 евра) – Кожани (2,4 евра) – Јанина – Игуменица – Саранда = 4,7 евра

Дозволена брзина:

Во населени места - 40 км на час.

На автопат - 110 км на час.

На останати патишта од 80 – 90 км на час.

Употреба на мобилен телефон за време на возење:

Не зборувајте на телефон додека возите низ патиштата во Албанија. Можете да употребувате hands – free. Во спротивно ќе платите казна од околу 7 – 30 евра

Поважни телефони:

Полиција: 129

Амбуланта: 127

Пожарна: 128

ACA (помош на пат): 139

Дозволено ниво на алкохол:

0,01%

Потребни документи:

За влез во Албанија не е потребна виза.

Од 06.04.2012 година со Спогодба се овозможува преминување на границата на државјаните на двете држави со биометриски лични карти

За возилото потребни се: зелен картон, меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување туѓо возило, доколку возилото не е лична сопственост.

Амбасада на Албанија во Скопје:

За други информации обратете се во амбасадата на Албанија во Скопје.

Тел.+389 2 3246-726

Факс: +389 2 3246-727

Е- пошта: embassy.skopje@mfa.gov.al

Безбедносни ремени:

Задолжителни за сите седишта за возила произведени по 1990 година.

Детски седишта:

/

Средно светло дење:

Задолжително само при лоша видливост и во тунели

Потребна опрема за во автомобил:

Прва помош сет: задолжително

ПП апарат: не, се препорачува

Триаголник: задолжително

Рефлектирачки елек: не

 

Почитувајте ги патните информации и уживајте низ патиштата во Албанија. Истите информации можете да ги прочитате и во бесплатната АМСМ мобилна апликација за android и iOS базирани телефони.

АМСМ и Рингераја Ви посакуваат безгрижно патување!

 

 

 

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет