cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

„Патека на пеперутките“ – со порака за здравје и подигнување на свесноста одбележани 35 години Варус.

Во недела, 22 јуни 2025 година, во Градскиот парк – Скопје се одржа настан насловен „Патека на пеперутките“ каде на кретивен начин беше испратена моќна порака за подигнување на свесноста за нарушувањата кои се поврзани со тироидната жлезда.

„Патека на пеперутките“

Настанот, ги собра на едно место граѓаните, здравствените работници, семејствата, соработниците и истиот имаше двојна цел - да се одбележи 35-годишнината од Варус и да се нагласи важноста за препознавање на симптомите поврзани со нарушувањата на тироидната жлезда, состојба која често останува недијагностицирана, но со сериозни импликации врз целокупната благосостојба.

 

Самиот наслов на споменатото случување е креативно и симболично осмислен и именуван по обликот на тироидната жлезда, која  честопати е споредувана со пеперутка.

 

01-varus

 

Дел од патеката во градскиот парк на главниот град, беше  трансформирана во уметничко едукативен приказ, каде посетителите имаа можност да следат патека украсена со шарени инсталации на пеперутки, секоја со симптом или факт поврзан со здравјето на тироидната жлезда.

 

02-varus

 

По патот, тие наидоа на:

 

-        Интерактивен штанд кој нудеше медицински совети од специјалисти и семејни лекари

 

-        Фото зона со голема метална инсталација на пеперутки

 

-        QR код за онлајн проверка на симптоми

 

-        Едукативни игри и забавни активности за сите возрасти

 

-        Лични форуми со одговори на прашања како „Здравјето за мене е...“ и „Лек за добро расположение е...“

 

Атмосферата беше дополнително збогатена со изведба на музички перформанс, нудејќи им на посетителите не само знаење, туку и сензорно искуство кое го поврзува здравјето со емоциите и креативноста.

 

03-varus

 

Што се однесува до организаторот, Варус е компанија основана во 1990 година, која по 35 години прерасна од домашен дистрибутер, во регионален лидер кој работи во Македонија, Албанија и Косово, со портфолио кое опфаќа лекови, хемикалии, лабораториска опрема и медицински помагала. Компанијата е водена од длабоко вкоренета посветеност на квалитет, иновации и општествен придонес.

 

04-varus

 

Како дел од својата стратегија за корпоративна општествена одговорност, Варус продолжува да поддржува иницијативи кои ја едуцираат и ја оспособуваат јавноста, особено во областите на превентивно здравје, а една од нив е токму оваа која се одржа викендот зад нас (на 22 јуни во Скопје).

 

„Проверете ја вашата тироидна жлезда – за себе, за вашите најблиски“ и „35 години Варус – посветеност на здравјето“ беа двете централни пораки што одекнуваа низ целиот настан.

 

05-varus

 

„Патека на пеперутките“ претставува прекрасен потсетник дека свесноста за здравјето, заедницата и корпоративната одговорност можат да се здружат за да направат вистинска разлика.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет