Одржана АМСМ трибина за едукација на мaјките
АМСМ имаше чест и задоволство по втор пат да ја организира трибината по повод "Жената во сообраќајот", но овој пат на тема:“ Со повисока сообраќајна култура на мајките до поголема безбедност на децата во сообраќајот “

Трибината беше поддржана од релевантните институции во државата ( МВР, РСБСП, ЈСП, СЗО ), детската градинка ЈОУДГ "Ангел Шајче" од Куманово, ОУ "Кочо Рацин" и "11 Октомври", јавни личности и медиумите. Оваа година се потрудивме да ставиме апостроф на мајката и децата, тема која има големо влијание и значење во градење на сообраќајната култура.