Новогодишна желба
За Нова Година посакувам...

Новогодишна желба
Ќе и речам на мама
мама да му каже на тато,
а тато да му шепне на штркот бел
што живее во гнездото
на најгорниот кат-
сакам да ми донесе брат.
Оти братот знае да пее, да се смее,
да збори, да се бори,
па со братот нели,
може се да се дели-
и чоколада и вртимушка,
и некоја грижа тешка,
со братот може
и да се кара и да се гушка.