Не знам како ќе го пребродам ова...

Тажна приказна на мајка која го изгубила своето бебенце...

Не знам како ќе го пребродам ова...

 

Скршена од болка и тага по детето што по три спонтани абортуси успеав да го родам.

На 20 август се роди мојата душа, така го нареков, по долга и тешка бременост. Се беше супер за два дена излеговме од болница си цицаше, беше на некој начин прекрасно и мирно бебе. Се до тој проклет ден на 7септември. Од сабајлето беше супер цицаше во 14:30 и си заспа, се разбуди за два часа и одбиваше да цица мислев не е гладно и почна да плаче мислев го боли стомачето, ќе заспиеше и пак се будеше и одбиваше да цица. Одеднаш почна да му паѓа температурата брзо го однесовме со маж ми на лекар ни кажаа дека е критично. Не можев да поверувам што слушам од ништо и од никаде. Не пратија со брза помош за Скопје на интензивна нега. Таму три пати го повраќаа во живот. Го приклучија на апарати и не пуштија да го видиме. Срцето ке ми пукнеше кога го видов такво. Рекоа дека не се знае дали ќе преживее. Стоевме со мажот и се молевме да ни преживее детето. Утредента ни кажаа дека има тешка инфекција сепса и не се знае дали ќе преживее. Докторите се бореа максимално а тој беше еден мал борец, така го викаа моето бебе. Самите доктори се чудеа како може толку да го совлада таа инфекција за само неколку часа без претходно никакви проблеми. Сепак мојата душа не успеа да се избори. На 18-ти утрото ми се јавија да ми кажат дека мојата душа починала. Тогаш умре и дел од мене, скршена сум не успеав ни да му се израдувам а Господ ми го зема моето ангелче.

Не знам како ке го пребродам ова...


Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет