cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Нашата ќерка не затекна додека имавме секс!

clock-img

10.12.2023

Да, ни се случи и нас, нашето дете не затекна додека водевме љубов. Сфатив дека е многу полесно да ги советуваш другите што да направат во таква ситуација. Меѓутоа кога си сам во тоа...

Нашата ќерка не затекна додека имавме секс!

Да, се разбира и ние водиме љубов, иако имаме две деца. Зошто го напишав ова? Затоа што пред неколку недели, мојата седумгодишна ќерка ми поставуваше прашања , кои јас си ги поставував кога бев двојно постара од неа:

-  Мамо дали ти и тато имате секс?

Се замрзнав, за миг престанав да ги бришам садовите и зачудено ја погледнав. Мојата ќерка, моето бебе, сега ја прашува мајка си дали има секс. Кимнав со главата.

- Тогаш зошто рековте дека нема да имате повеќе деца? Нели се води љубов кога сакаме да имаме деца?

- Да, да и затоа – толку успеав да изговорам. Потоа ја испратив кај татко и. Нека се помачи и тој малку. И во право бев. После некое време ми испрати директен  поглед: “ Ќе ти вратам за ова“.

Но тоа е така, родителите не се секогаш подготвени  да одговорат на прашањата на своите деца,  посебно кога станува збор за темата секс.

Помлада ќерка не затекна  за време на самиот чин. Само неколку дена после овој разговор.

Најпрво не слушнала. За време на неделниот доручек не праша:

“ Каков филм гледавте вчера? Не можев да заспијам, ве слушав вас. Мамо, ти се смееше многу чудно.

- Филм? Аха, филм. Да да....комедија!

- Добра комедија, додаде мојот сопруг и ми намигна. На челото ми се собираа капки пот, а постарата ќерка ме гледаше сомнително.

После една недела бевме фатени на дело. Не знам како, тоа неделно утро, кога мислевме дека децата сеуште спијат, се појави пред нас помалата ќерка и со ширум отворени очи не погледна.

Кога ја видовме,  скокнавме двајцата и се оддалечивме еден од друг.

- Јас....,ја масирав мајка ти, започна мојот сопруг.

- Зошто? И зошто немаш облечено пижами?

Нејзините прашања ги прекина постарата ќерка, која и шепна на уво:

- “ Ах, Ника, тие водеа љубов! Дојди, ќе одиме да гледаме цртани филмови.

Што Ви е? - додаде помалата ќерка.

 Можеби ќе биде подобро да поразговараме со неа, се чувствувавме како двајца тинејџери фатени од нивната мајка. Дали е потребно уште нешто да се додаде?

Да, да сега знам, треба темелно да поразговараме со нашите ќерки. За птиците и пчелите, за  маминото смеење и масажата на тато.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет