cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

На кафе кај Maggietheveggie

Во морето од креативни и интресни Инстаграм профили, нашето внимание го привлече инспиративниот профил на Маги Михајловска. Таа го води веган блогот Maggietheveggie каде има навистина корисни совети и превкусни рецепти

На кафе кај Maggietheveggie

 

Рингераја: На социјалните мрежи си позната како Maggietheveggie. Која е всушност Меги позади профилот? 

Маги: Јас сум личност што ги сака сите животни и моментално имам три миленчиња (куче, маче и гуштер). Гледам многу филмови и серии, пратам фудбал и навивам за Челзи. Сакам да читам книги и стрипови и сум огромен фан на Агата Кристи.

Рингераја: Профилот е едно симпатично катче кое нуди изобилство од разновидни веге рецепти. Како се роди идејата за создавање на истиот и од кога веганството е твоја животна филозофија? 

Маги: Идејата на профилот е да им покаже на сите кои се скептични во врска со веге исхраната дека веганите јадат разновидна исхрана која е воедно вкусна и убава на изглед.

Рингераја: Од кои причини стана веган?

Маги: Како што кажав ги сакам животните и не сакам да придонесувам за ниедна форма на нивно страдање па затоа сум во транзиција од вегетаријанец во веган.

Рингераја: Од каде црпиш инспирација за рецептите? 

Маги: Инспирација црпам од книги со рецепти од роднини, различни инстаграм профили и јутуб канали. Моментално најмногу ги пратам и испробувам рецепти од @fitgreenmind и @pickuplimes.

Рингераја: Кое е твоја омилена храна? Омилен рецепт?  

Маги: Обожавам пица и би можела тоа да јадам секој ден. Доколку морам да одберам еден рецепт би рекла дека омилен ми е рецептот за чоколадната торта со мармалад што ја направив минатиот месец.

Рингераја: И покрај неограниченте извори на информации, сепак митот дека со веганска исхрана не се внесуваат доволно хранливи материи с? уште опстојува, барем на овие простори. Кое е твоето мислење и лично искуство на оваа тема? 

Маги: Откако престанав да консумирам месо мојата крвна слика значително се подобри. Овие неколку месеци избегнувам максимално млечни производи и јајца и приметувам подобрување во месечните циклуси, кои за мене уште од мала се периоди со огромна болка, па сега сум пресреќна што сфаќам дека преку мали промени во исхраната успевам да ја намалам болката и да функционирам нормално и во тие денови.

Рингераја: Твој став за веганска исхрана кај деца? 

Маги: Јас не сум ниту нутриционист, ниту родител. Сметам дека уште од мали децата треба да се научат да јадат разновидна исхрана богата со овошје и зеленчук, но сепак родителите, со помош на доктори, најдобро може да одлучат што е добро за своето дете.

Рингераја: Твој совет за сите тие кои размислуваат да преминат во веган? 

Маги: Тешко е преку ноќ да се промени начинот на исхрана, но во денешно време мислам дека е многу полесно да се стане веган затоа што, за разлика од порано, има сè поголем број на продукти како замена за тие од животинско потекло. Мој совет е наместо да се фокусирате на тоа што ќе престанете да консумирате, да се фокусирате на тоа што додавате во исхраната и да испробувате различни јадења и рецепти.

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет