cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Млади таленти: 5-годишен тапанар од Гевгелија

Повеќето родители не би ви се заблагодариле доколку на нивното дете му подарите комплет тапани. Малите деца создаваат повеќе од доволно бучава сами по себе. Но, случајот со семејството Трајкови од Гевгелија е сосем различен

Млади таленти: 5-годишен тапанар од Гевгелија

 

Повеќето родители не би ви се заблагодариле доколку на нивното дете му подарите комплет тапани. 

Малите деца создаваат повеќе од доволно бучава сами по себе.

Но, случајот со семејството Теајкови од Гевгелија е сосем различен. 

Нивните две деца се вљубеници во музички инструменти. Постарата ќерка Лана веќе осум години свири на пијано, а нејзиниот помал брат кој има 5 и пол години на тапани. 

Димитар својата љубов кон тапаните ја изразил своеволно, на неполни 5 години, вели неговата мајка. 

Гледајќи ја својата сестра, ? се придружувал на електронско пијано и џез тапани, изведувајќи рок музика од познати рок бендови.

Покрај што ја има поддршката од своето семејство, Димитар ја има и поддршката од општина Гевгелија, која под менторство на Момчило Делев, дипломиран музичар по џез тапани, отвори часови по тапани, кои Димитар ги посетува од лето 2023. 

На свои пет години, Димитар има три јавни настапи. 

Првиот настап беше 31 август 2023 пред Дом на култура Гевгелија, вториот на  тродневниот фестивал Вкуси го југот септември 2023 и последниот пред Нова година 2023, на  Годишниот концерт на школата за тапани во Пионерски дом Гевгелија.

"Дома свири и вежба на своите тапани, му купивме комплет џез тапани и со љубов го прави тоа, но секако и талентот  е тука.

За иднина се надеваме дека ќе продолжи со овој жар што го има и љубов што ја има моментално кон тапаните. Од септември ќе биде прваче, па ќе видиме како ќе биде и со училишните обврски" - вели мајка му. 

Задоволство ни е што имавме можност да поразговараме со неа и преку тоа да ве запознаеме со овој млад, талентиран тапанар, за кој веруваме дека допрва уште многу ќе се слуша. 

 

 

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет