cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Мисија: здраво дете во есен. Природни начини за силен имун систем

Со доаѓањето на есента, детските носиња почнуваат да течат, кашлицата станува секојдневие, а вирусите постојани гости во градинките и училиштата.

Мисија: здраво дете во есен

Еве како тоа може да се направи природно и ефикасно.

 

1. Балансирана исхрана богата со витамини и минерали

Најсилното оружје против настинки е разновидната исхрана. Во есенското мени треба да има многу свежо овошје и зеленчук особено оние богати со витамин Ц (киви, цитруси, брокула, пиперки) и бета-каротен (моркови, тиква, слатки компири).


Не заборавајте и на протеини од јајца, риба и мешунки, кои го поддржуваат создавањето на антитела.

 

2. Вода, чаеви и супи бидејќи хидратацијата е клучна

Во постудените денови, децата често пијат помалку вода. Но, влажноста на слузниците во носот и грлото е првата линија на одбрана од вируси.
Понудете им топли билни чаеви како на пример од камилица, липа, нане или домашни супи кои истовремено и хранат и хидрираат.

 

3. Сонот е најприродниот лек за имунитет

Недостатокот на сон го ослабува организмот и го прави подложен на инфекции.
Децата од предучилишна возраст треба да спијат 10-12 часа, а од школска возраст: 8-10 часа.


Создадете смирувачка вечерна рутина без екрани пред спиење книгата и гушкањето се подобар избор од таблет и телевизор.

 

4. Движење на свеж воздух секој ден

Иако времето станува постудено, не треба да се избегнуваат прошетки. Движењето ја подобрува циркулацијата, дишењето и создава отпорност на организмот.
Најмалку 30 минути надвор дневно, дури и во облачен ден, се доволни за природно производство на витамин Д.

 

5. Витамин Д е есенскиот сојузник

Во есен и зима, сонцето е послабо, па многу деца имаат недостаток на витамин Д.
Консултирајте се со педијатар за дополнителен внес преку капки или сируп, бидејќи овој витамин е клучен за силен имунитет, здрави коски и добро расположение.

 

6. Мир, рутина и многу љубов

Стресот не ги заобиколува ниту децата. Промени во дневната рутина, напорни активности или недостиг на семејно време можат да влијаат на имунитетот.


Смирена атмосфера, прегратки и стабилност му помагаат на телото да биде во рамнотежа, а тоа значи и посилна одбрана од болести.

 

Зајакнувањето на имунитетот не се постигнува со едно чудотворно средство, туку со секојдневни мали навики како здрава храна, доволно сон, движење и топла семејна средина.


Така, децата не само што ќе бидат поздрави оваа есен, туку и ќе научат колку е важно да се грижат за своето тело и здравје.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет