Маслинките, здравjе од Медитеранот за малите гурмани
Малите, скромни маслинки не се само вкусен додаток во исхраната туку и вистинско богатство на хранливи материи, кои го поддржуваат растот, имунитетот и здравиот развој на детето.
Кога бебето може да проба маслинки?
Маслинките можат да се воведат по навршени 12 месеци, кога детето веќе јаде разновидна храна и има развиено вкус.
Причината за ова е што маслинките содржат сол и киселост што можат да бидат прејаки за чувствителниот дигестивен систем на помалите бебиња.
Најдобро е да се започне со домашно исплакнати или благи маслинки без семка, сечкани на ситни парчиња или пире во комбинација со зеленчук или тестенини.
Вредни состојки во мал залак
Маслинките се богати со здрави мононезаситени масти, кои го хранат мозокот и нервниот систем, органи што во детството се развиваат со голема брзина.
Покрај тоа, тие содржат:
- Витамин Е, природен антиоксиданс што ја штити клеточната мембрана;
- Железо неопходно за крвта и правилен раст;
- Калциум и бакар важни за коските и имунитетот;
- Фенолни соединенија кои се природни заштитници од воспаленија.
Маслинки во исхраната на децата
Децата често сакаат маслинки кога им се понудат на забавен начин како дел од сендвич, салата или домашна пица.
Неколку совети:
- изберете маслинки без коскa и без додаден оцет или зачини,
- исплакнете ги пред употреба за да се отстрани вишокот сол,
- додајте ги во мали количини, 2-3 маслинки се сосема доволни за мал оброк.
Кога да бидете внимателни?
- Избегнувајте маслинки со лута арома или маринирани со зачини.
- Не давајте цели маслинки на мали деца постои ризик од голтање.
- Ако детето има алергија на полен од маслина, консултирајте педијатар пред воведување.
Маслиновото масло - првиот сојузник на здрава исхрана
Дури и пред самите маслинки, маслиновото масло е безбедно и препорачливо уште од шестиот месец. Додавајте неколку капки во варен зеленчук, супи или кашички. Ова масло ја подобрува апсорпцијата на витамини и дава нежна текстура и вкус.
Маслинките се природен лек и храна богата со здравје.
Во умерени количини и со внимателен избор, можат да бидат дел од разновидна и здрава исхрана на децата и бебињата.





