cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Марко Крале и самовилското млеко

Македонски народни приказни

Марко Крале и самовилското млеко

Крале Марко пасел волови, ама како најслабо дете сите воловари го тепале и го терале да им ги враќа воловите од кај што им бегале.

Крале Марко отишол по воловите, арно ама видел еден голем брест и на него една лута змија како се качува нагоре. И Крале Марко со стапот таангее – ја отепал змијата.

Во тој брест самоволите имале гнездо и таму имале деца, самовилчиња, а таа змија им ги убивала децата. Кога Марко Крале ја отепал змијата веднаш тука долетала самовилата. Кога гледа – Крале Марко ја отепал змијата и ги спасил самовилските деца. Самовилата му рекла:

-          Марко, што сакаш бакшиш, што ми ги спаси децата од оваа клета змија?

А Марко, бидејќи сите деца го тепале, рекол:

-          Не сакам ништо. Сите деца ме тепаат. Сакам да бидам јунак и да ги тепам јас нив.

Самовилата рекла:

-          Дојди ваму! Ја отпетлала кошулата – Дојди, цицни од моето млеко!

Марко Крале направил како што му рекла самовилата.

-          Оди сега заклати го она дрво, да видиме дали можеш да го извадиш!

Отишол Крале Марко, го заклатил дрвото, лево, десно. Ништо, не може да го извади.

-          Дојди уште малку цицни – рекла самовилата.

Марко пие уште малку од самовилското млеко. Оди сега кај дрвото, го фаќа, го откорнува од корен и како прат го фрла настрана.

-          Доста ти е сила! – рекла самовилата.

Се вратил Марко кај децата, со кои чувал волови и после некое време едно дете почнало да го тепа. Крале Марко го фатил со една рака и го фрлил како партал двеста метри подалеку.

Така Крале Марко станал јунак, откако самовилата го надоила со самовилско млеко.

 

Добра ноќ драги рингерајчиња :)

 

 

 Адаптирал: Синадиноска Барбара

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет