Мали стомачиња, големи грижи: Храна што предизвикува и олеснува запек
Запекот кај бебињата е чест проблем, особено во првите месеци кога дигестивниот систем сe уште се развива.

Иако најчесто е безопасен, може да предизвика непријатност и вознемиреност кај детето и родителите. Разбирањето на храната што може да ја влоши или да ја подобри ситуацијата е клучно за полесно справување.
Храна што може да предизвика запек
Некои намирници, особено кога се воведуваат за првпат, можат да го забават варењето:
- Оризова каша, особено ако се дава во големи количини и без доволно течности.
- Несозреана банана, содржи повеќе скроб и помалку влакна, што може да го успори варењето.
- Варен морков. Иако е здрав, варената форма може да ја згусне столицата.
- Кравјо млеко.Ова млеко посебно пред првата година е тешко сварливо за бебињата и може да предизвика запек.
Храна што може да го олесни запекот
Влакната и природните шеќери во одредено овошје и зеленчук помагаат да се омекне столицата:
- Круша, слива, праска. Овие овошки се природно богати со влакна и сорбитол, кој го стимулира варењето.
- Брокулата и тиквата се лесни за варење, а содржат влакна што ја поттикнуваат перисталтиката.
- Овесната каша е поблага алтернатива на оризовата каша, со повеќе влакна.
- Водате и мајчиното млеко даваат доволната хидратација е најважна за спречување на запек.
Кога да побарате помош?
Ако бебето има потешкотии со празнење повеќе од 3–4 дена, има крв во столицата или изгледа многу вознемирено, потребно е да се консултирате со педијатар.
Новите намирници воведувајте ги постепено и набљудувајте ја реакцијата на бебето. Малите промени во исхраната често носат големо олеснување.