Мајчице мила моја
Детски песнички

Мајчице мила моја
Мајчице мила моја
кажи ми ти се молам
што значи мила мамо
тебе те сонувам само
што значи мила мамо
тебе те сонувам само
Штом мигнам со очички
пред мене веќе ти си
и почнувам да сонувам
како слатко те бакнувам
и почнувам да сонувам
како слатко те бакнувам
Мама
Мајка ми е добра, мила
насмеана, кротка, блага,
како сонце топли, грее,
топи мразој, топи тага.
Мајка ми е другар верен
лечи болка, лечи рана
во мајчината љубов света
сета добрина е збрана.
Благодарам мамо мила
што ми дари љубов, сила,
што над мене бдееш везден,
што по пат ме водиш ѕвезден.
Благодарам мамо мила
топло гнездо што си свила,
од невољи што ме браниш,
со добрина што ме храниш.