cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Колку треба да јаде вашето мало дете?

Малите деца растат неверојатно брзо, а нивната исхрана игра клучна улога во правилниот раст и развој. Но, колку всушност треба да јаде едно дете на возраст од 1 до 5 години?

Колку треба да јаде вашето мало дете?

Ова е прашање што често ги збунува родителите, особено затоа што апетитот на детето може да варира од ден на ден.

 

Основни принципи на исхрана за малите деца

  1. Чест оброк, помала порција
    • Децата не можат да јадат големи порции одеднаш. Поделете ги оброците на 3 главни оброци и 2-3 ужини.
  2. Разновидна храна
    • Вклучете протеини  преку месо, риба, јајца, житарици, зеленчук, овошје и млечни производи. Разновидноста помага во внес на сите потребни витамини и минерали.
  3. Следете го апетитот на детето
    • Некои денови детето јаде повеќе, други помалку. Тоа е сосема нормално. Притисокот да јаде „сè“ може да создаде негативен однос кон храната.

 

Практични совети

  • Преку редовни оброци и ужини детето се учи на рутината и помалку е склоно кон грицки помеѓу оброците.
  • Овозможете повеќе хидратација. Водата е најдобра, додадете малку млеко или несладен чај.
  • Не користете храна како награда или казна. Тоа создава негативна или погрешна врска со храната.
  • Вклучете го детето во избор и подготовка на оброците бидејќи тоа помага во развој на позитивен однос кон храната.


Малото дете не треба да јаде во точна мерка, туку количина која одговара на неговиот апетит, возраст и активност. Најважно е разновидност, баланс и редовност на оброците, како и внимание на сигналите на детето. Со здрави навики и умерени порции, растот и развојот ќе бидат поддржани на најдобар начин.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет