cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Кога да направите домашен тест за бременост?

Домашниот тест за бременост е едноставен и брз начин да проверите дали сте бремени. Тој го открива присуството на хормонот hCG (хуман хорионски гонадотропин), кој почнува да се создава по имплантацијата на оплодената јајце клетка во матката.

Кога да направите домашен тест за бременост?

Но, за да добиете најточен резултат, важно е тестот да се направи во вистинско време.

 

Кога е најдобро да се направи тестот?

Најсигурен резултата ќе добиете ако го направите тестот по изостанување на менструацијата односно првиот ден кога очекуваната менструација доцни.  

Во овој период нивото на hCG обично е доволно високо за тестот да го открие.

 

Може ли тестот да се направи порано?

Некои чувствителни тестови можат да покажат резултат и неколку дена пред очекуваната менструација.

Сепак, постои поголема можност за лажно негативен резултат бидејќи нивото на hCG можеби сè уште е премногу ниско. 

Ако тестот е негативен, а менструацијата и понатаму доцни, се препорачува повторување по 2 до 3 дена.

 

Кое време од денот е најдобро да се направи тестот?

Најдобро е тестот да се направи наутро со првата утринска урина. Тогаш концентрацијата на hCG е највисока, особено во рана бременост.

 

Што значи позитивен резултат?

Позитивен тест најчесто значи дека сте бремени.

Следниот чекор е да закажете преглед кај гинеколог, по потреба да направите крвен тест за бета hCG и  секако да започнете со редовна пренатална грижа.

 

Што ако тестот е негативен?

Негативен резултат не секогаш значи дека нема бременост.

Тоа може да се случи ако: тестот е направен прерано,овулацијата се случила подоцна од очекуваното или нивото на hCG сè уште е ниско.

Ако менструацијата продолжува да доцни, повторете го тестот по неколку дена или консултирајте се со лекар.

 

Најчести грешки при користење на тестот

За попрецизен резултат:

  • внимателно прочитајте ги упатствата,
  • не го читајте резултатот пред или по препорачаното време,
  • проверете го рокот на употреба на тестот,
  • користете чист сад ако е потребно собирање урина.

 

Најдобро време за домашен тест за бременост е по изостанување на менструацијата, кога нивото на hCG е доволно високо за сигурен резултат. Доколку тестот е негативен, а менструацијата и понатаму доцни, повторното тестирање по неколку дена може да даде појасен одговор.

Трпението и вистинското време на употреба се клучни за точен резултат.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет