cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Кандида, што ја активира и како да ја контролирате?

Кандида (Candida albicans) е габа која природно живее во организмот во цревата, устата и интимната регија.

Кандида, што ја активира и како да ја контролирате?

Проблем настанува кога ќе се наруши рамнотежата и таа ќе почне прекумерно да се размножува. Тогаш се јавуваат непријатни симптоми кои можат значително да го нарушат квалитетот на животот.

 

Што ја активира кандидата?

1. Ослабен имунитет. Стрес, хроничен замор, недоволно сон или чести инфекции го ослабуваат имунолошкиот систем и ? овозможуваат на кандидата полесно да се размножи. 

 

2. Антибиотици. Антибиотиците ги уништуваат и „добрите“ бактерии кои ја држат кандидата под контрола, што создава идеални услови за нејзин раст. 

 

3. Исхрана богата со шеќери. Кандидата се храни со шеќер. Честа консумација на слатки, бел леб, тестенини и газирани пијалаци директно ја поттикнува. 

 

4. Хормонални промени. Бременост, употреба на контрацепција или хормонални терапии можат да ја нарушат вагиналната флора и да предизвикаат кандидоза. 

 

5. Влажна и тесна облека. Синтетичка долна облека и тесни панталони создаваат топла и влажна средина која е идеална за развој на габите. 

 

Како да ја контролирате кандидата?

1. Правилна исхрана

  • Намалете внес на шеќери и рафинирани јаглехидрати.
  • Вклучете зеленчук, протеини и здрави масти во исхраната.
  • Консумирајте пробиотици како јогурт, кефир, кисела зелка.

 

2. Поддршка на цревната флора. Пробиотиците и пребиотиците помагаат во обновување на балансот на „добрите“ бактерии кои ја држат кандидата под контрола. 

 

3. Интимна хигиена со мера

  • Избегнувајте употреба на агресивни сапуни и парфимирани средства.
  • Не правете често вагинални испирања.
  • Користете производи со неутрална pH вредност.

 

4. Јакнење на имунитетот

  • Имајте доволно и квалитетен сон.
  • Намалете го стресот.
  • Практикувајте редовна физичка активност.
  • Земајте витамини по консултација со лекар.

 

5. Медицинска терапија кога е потребно. Ако симптомите се преизразени или се повторуваат, неопходна е антифунгална терапија препорачана од лекар. Самолекувањето може да ја влоши состојбата. 

 

Кога да се јавите на лекар?

  • Ако инфекцијата се враќа често.
  • Ако симптомите се силни и не поминуваат.
  • Ако сте бремени.
  • Ако имате дијабетес или ослабен имунитет.

 

Кандидата не е знак на лоша хигиена, туку на нарушена рамнотежа во организмот. Со правилна исхрана, грижа за имунитетот и соодветна терапија, таа може успешно да се држи под контрола.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет