cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да знаеме дали детето е левучар ?

clock-img

18.9.2010

Како да го учиме да пишува, црта, сече…ако сме десничари?

Како да знаеме дали детето е левучар ?

Дали знаевте дека:

 

1.       13 ти август е меѓународен ден на левучарите

2.       Едно од 10 деца е левучар

3.       Машките имаат 1,5 пати повеќе предиспозиции да бидат левучари отколку девојчињата

4.       Детето чии родители се левучари да биде исто така левучар се случува во 50 % од случаите.

5.       До ден денес останува тајна, зошто  повеќето луѓе се десничари

 

 

Околу 10 %  од населението на светот се левучари. Бидејќи се  во помал број често во текот на својот живот наидуваат не препреки(посебно во текот на детството). Замислете: повеќето  орудија,спортска опрема, музички инструменти, компјутерски  компоненти (глувче, копчиња) и другите работи со кои се среќаваме во секојдневието(нож за лупење на компири,ножици итн..) се прилагодени за намена на десничарите.

Животот на левучарите не е секогаш едноставен. Заради тоа многу е важно  малите дечиња левучари  да имаат разбирање и  поддршка  од нивните родители во процесот на учење, каде што е потребен посебен пристап. Во понатамошниот текст ќе се обидеме да им олесниме на децата кои се левучари со одредени мали совети:

 

Левучарството не е болест

 

Не треба да се влијае на детето да  биде левучар или десничар. Во минатото левичарството го сметале за болест. Децата биле опоменувани дека пишувањето и работењето со лева рака е  погрешно и биле присилени да ја користат десната рака наместо левата.  

Денес знаеме дека со таквото однесување, можете многу да им наштетите на децата. Таквото делување од страна на родителите може да остави големи траги кај нив. Детето, кое го присилуваат да работи со раката која не му е доминантна, неприродно, па дури и ограничено ќе се развива. Тоа лесно може да доведе до тешки душевни притисоци, нервоза и други пречки. Многу подобро ќе биде да го оставите детето само да избере која ќе му биде водечка рака, и притоа да не се обидувате да го промените тоа. Ваша задача е да му го олесните пристапот во светот на левучарите.

 

Изборот дали ќе биде доминантна левата или десната рака е долготраен процес

 

Во првата година од развојот, детето поминува низ повеќе фази на физичките вештини, иако во тој период се учи да ги употребува двете раце. Кога родителите ќе помислат дека нивното дете веќе ја избрало својата водечка рака, тоа може лесно да ги изненади со промена.

Бебињата во  своите први месеци си поигруваат  со менување на својата доминантна рака, што оди вака некако:

1.       Во првите 4 месеци бебето посегнува најчесто по предмети со левата рака

2.       Во шестиот месец двете раце стануваат исто спретни

3.       Во седмиот месец предност добива десната рака

4.       Во осмиот месец ги користи двете раце

5.       Во деветтиот месец повторно преовладува левата рака

6.       Рацете се менуваат се до крајот на првата година, кога кај поголемиот број деца останува на крај да преовладува десната рака.

7.       При крајот на втората година двете раце повторно стануваат еднакво вредни

8.       Последниот период кога се двете раце еднакво вредни кај дечињата е периодот меѓу 2 години и три и пол години

9.     Во четвртата година детето почнува да ја користи доминантната рака

10.   Во осмата година ќе видите конечно дали детето е десничар или левучар, и тоа веќе нема да се промени

 

Напомена: Децата не можат да имаат доминантна рака се додека не наполнат  три години. Доколку забележите дека Вашето дете пред да наполни 18 месеци многу повеќе ја користи едната рака од другата, немојте да одите во посета на педијатар. Спомнете си дека таквото однесување не е знак на болест. 


Корисни совети за полесно  и поделотворно учење кај левучарите 

Повеќето десничари имаат  потешкотии да најдат правилен пристап кога им помагаат на своите деца да совладаат одредени вештини. Автоматски се обидуваат да покажат одредена вештина со левата рака. Тоа често не им успева баш најдобро. Следниот потег е да се обидат со десната рака да ги направат сите оние работи кои вообичаено ги прават со левата. Замислата е убава, меѓутоа тешко дека сето тоа ќе успее.

1. Научниците препорачуваат учење кај левучарите по методот на огледало. Наместо да седите пред него, подобро да застанете спроти него. Така полесно ќе ги запазите сите движења во правилната насока и побрзо ќе го научите правилно да го држи моливот и пенкалото при пишување или цртање.

2. Кога левучарите ќе ги учите да пишуваат или цртаат, никогаш нема да имате прегледност на дејството, бидејќи 90% од луѓето читаат и пишуваат од лево кон десно. При пишувањето со десна рака, имаме повеќе прегледност, се гледаат буквите кои ги пишуваме, и го отскриваме текстот кој го пишуваме. За разлика од десничарите, левучарите мораат да применат друга техника за да имаат прегледност при пишувањето.

3. Уредете ја неговата работна маса така што светлото ќе биде поставено од десната страна

  • Купете му што повеќе помошни средства: острилка за молив, ножици, работна маса итн..
  • Кога учи да чита обрнете внимание правецот на читање да биде од лево кон десно.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет