cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да спречиме повреда на децата во автомобил?

clock-img

14.10.2010

Искуствата покажуваат дека најголемиот дел од повредите кои можат да се случат, најдобро можат да ги спречат родителите. Најлесно можеме да спречиме повреда на нашите деца, со правилно поставено седиште во автомобил.

Како да спречиме повреда на децата во автомобил?

Повредите на детето во автомобил најлесно можеме да ги избегнеме, така што детето ќе го наместиме и седнеме во сигурносно автомобилско седиште, кое мора да биде хомологирано и мора да ја има меѓународната ознака ECE R44/04. Исто така седиштето мора да биде во согласност со тежината и возраста на детето. Грижата за сигурноста на детето во сообраќајот мора да биде навика на секое семејство. И покрај сите  финансиски поволности кои ги нуди употребата на користено автомобилско седиште, никогаш немојте да се двоумите меѓу сигурноста на вашето дете и финансиските средства. СЕКОГАШ купувајте ново седиште за Вашето дете.

 

Авто седиште - сигурност за детето во автомобил

Најчести причини за тешки повреди на децата или смртните последици се сообраќајните несреќи. Искуствата укажуваат на тоа дека повеќето повреди ги спречуваат родителите. Најлесно можеме да спречиме повреда на детето во автомобил така што ќе го сместиме во сигурносно автомобилско седиште, кое мора да биде хомологирано и мора да има меѓународна ознака ECE R44/ 04. Седиштето мора да биде во сооднос со тежината и годините на детето. Грижата за детската сигурност на патот мора да биде навика во секое семејство.

 

Користено автомобилско седиште? Подобро не ни помислувајте!

Секое користено автомобилско седиште има своја приказна. Никогаш нема да знаете како било користено и дали било дел од некоја сообраќајна несреќа. Ако купите користено седиште, може да се случи да недостасуваат некои основни делови, упатство за употреба, или на било каков друг начин да биде непотполно. Така никогаш нема да знаете дали  седиштето е во согласност со стандардите за сигурност. Покрај сите финансиски предности кои ги нуди купувањето на користено седиште, никогаш немојте да се двоумите меѓу сигурноста на Вашето дете и финансиските средства. СЕКОГАШ купувајте ново авто седиште, без оглед на се.

 

Пред  употреба на автомобилското седиште добро прочитајте ги правилата за сигурност на Вашето дете

  • Од тежината на Вашето дете зависи каков тип на детско седиште во автомобилот Ви е потребен.
  • Купувајте само детско седиште, кое е во склад со последните европски сигурносни стандарди ECE R44/ 04.
  • Проверете дали седиштето е направено така што ќе одговара за Вашиот автомобил.
  • Внимателно прочитајте ги правилата, можете и да ги зачувате за понатамошна употреба.
  • Пред да почнете да возите, осигурајте се дали седиштето е добро поставено.
  • Детските сигурносни појаси мора да бидат правилно поставени.
  • Никогаш немојте да ги местите сигурносните појаси додека возите.
  • Седиштето немојте да го користите доколку веќе сте имале сообраќајна несреќа.
  • Никогаш не купувајте или продавајте користено седиште за во автомобил.
  • Ако предните седишта се обложени со сигурносни перничиња, тогаш во никој случај не го поставувајте седиштето во предниот дел.
  • Избегнувајте паркирање на колата директно на сонце, затоа што пластичните делови на седиштето многу лесно можат да се загреат и притоа да предизвикаат изгореници.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет