Како да се заштитите од болестите на градинката?

Имунитетот на децата кои одат во градинка не е изграден до крај. Колку е детето помало, толку е поподложно на разни болести кои во градинката се концентрирани на едно место. За среќа, болестите и заразите ќе влијаат позитивно на детскиот имунитет

Како да се заштитите од болестите на градинката?

Организмот на детето низ борбата со болестите ќе зајакне и ќе се изгради, така што ќе развие антитела.

За претшколските деца, кои одат во градинка, нормално е да имаат 10-12 инфекции годишно. За жал, болестите од градинката се прошируваат на целото семејство.

Кашлањето, кивањето и блискиот контакт се начини на ширење на болеста. Раката ја ставаме на уста кога кашламе и киваме, ја ставаме во близина на носот, потоа се ракуваме и допираме меѓусебно и така рацете стануваат извор на бактерии. Заради тоа е важно да се потсетиме на првото и основно правило: “Мијте ги рацете!”

 

Како да се заштитиме од болестите на градинката?

  • Редовно мијте ги рацете со вода и сапун
  • Не ги делете го членовите на семејството шамивчињата, четките за заби и спрејовите за нос.
  • Што помалку допирајте ги очите, носот и устата.
  • Оддалечете се од луѓе кои кашлаат и киваат.
  • Спијте доволно за да бидете одморени.
  • Проветрувајте 3-4 пати на ден по 5-10 минути.
  • Избегнувајте да се ракувате и прегрнувате со разни луѓе.
  • Одржувајте ја влажноста на воздухот, посебно кога спиете.
  • Потрудете се да се рекреирате и најмалку три пати неделно имајте некој вид на рекреација.
  • Туширајте се под топло-ладен туш.

 

Мерки на претпазливост во градинката

Многу е важно децата во градинката да имаат можност за пристап во купатилото каде можат да ги измијат рацете. Исто така е важно да имаат крпи за бришење за еднократна употреба. Доволно е да имаат обчен сапун за миење раце. Антибактерискиот сапун се користи само ако во градинката има епидемија или сериозни инфекции.

Болестите кои ги носи градинката најчесто се безопасни настинки и вируси и во најголемиот број од случаите поминуваат со покачена температура  и исцрпеност на организмот.  Тие болести се доволно едноставни и детскиот имунитет самостојно успева да се избори со нив. Антибиотици често не се потребни, бидејќи најверојано се работи за вирусни, а не бактериски инфекции.  Во текот на болеста децата треба да земаат многу течности и да се вратат во градинката кога болеста ќе помине.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет