cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да известите за нарушен сообраќаен режим?

Кога станува збор за годишниот семеен одмор една од најважните работи за децата, но уште повеќе за родителите, е како побрзо да се стигне до одбраната дестинација...

Како да известите за нарушен сообраќаен режим?

 

 

Но плановите пред поаѓање, кога ентузијастички велите: „за 3 часа здравје Боже сме таму...“, речиси никогаш не се остваруваат. Патувањето по правило секогаш трае подолго од вообичаеното, понекогаш заради итните попатни паузи, но најчесто заради долгите редици како резултат на нарушување во сообраќајниот режим на патиштата или долгите редици на граничните премини. И во вакви ситуации сосема оправдана е реакцијата „Ах, да знаевме, подоцна ќе тргневме!“

 

Но кога сте веќе таму, заглавени во редиците, помислете на сите оние кои баш во тој момент се подготвуваат да тргнат на пат или по кратката пауза да го продолжат патувањето. Сигурно и вие би сакале да бевте навреме известени за застојот на патиштата, па можеби малку подолго ќе останевте во попатното кафуле... Разбудете ја својата општествена одговорност и свест и искористете ја можноста да известувате за нарушен сообраќаен режим на патиштата во Р.Македонија преку АМСМ Репортер програмата.


АМСМ репортер е секој учесник во сообраќајот, кој доброволно известува за нарушување на сообраќајниот режим низ Република Македонија.


Сообраќајот може да биде нарушен во следните случаи: работа на пат, застој на граничен премин, блокада, одрон, сообраќајна незгода, сообраќај во колона или различни услови кои наметнуваат потреба од внимателно возење. 

 

За време на Вашето патување, а при забележување на нарушен сообраќаен режим на патиштата, најпрво треба да застанете на безбедно место (доколку сте во автомобил), а потоа да пријавите застој на пат, користејќи ја соодветната икона од АМСМ бесплатната мобилна апликација, која содржи детали за нарушениот режим на сообраќај: опис на незгодата, време на чекање и можност за испраќање на слика од местото на настанот.

 

Вашата информација пристигнува во АМСМ Контакт центарот, каде во координација со надлежните институции се проверува, а потоа се објавува во дневните информации за состојбата на патиштата.

 

А ако ова не е доволна мотивација да бидете АМСМ Репортер, тогаш еве уште нешто...За сите АМСМ репортери кои активно ќе известуваат за нарушен сообраќаен режим следуваат награди!

 

Доколку во текот на една календарска година како АМСМ Репортер имате најмалку 10 објавени известувања за нарушен сообраќаен режим, добивате гратис АМСМ Classic членство.

 

Затоа, не очајувајте кога ќе видите редица од десетици возила пред вас, а Вие веќе ги броите минутите да се испружите на некоја плажа. Искористете ја можноста, известете за застојот и дајте свој придонес за безбедни и безгрижни патувања.

 

А пред поаѓање, никогаш не заборавајте да ја проверите состојбата на патиштата.

 

Патувајте безгрижно!

 

2

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет