Хуманите и се поклонија на хуманоста

clock-img

6.3.2012

Патот на хуманата акција „Прегратка на дар“ организирана од Рингераја водеше кон многу лекции за учење.

 

Лекциите на возрасните им ги одржаа деца. Тие несебично се вложија и изработуваа играчки за своите другарчиња кои новогодишната ноќ ја минаа во болница.

Беа изработени над 5000 играчки кои предизвикаа исто толку насмевки.

Дека хуманоста за Рингераја е доблест која заслужува пофалба, не беше ставено во прашање.

Денес беше ставен симболичен крај на хуманата приказна „Грам љубов за тон здравје“.

Медиумските покровители добија благодарница за хуманост.

Кога сумиравме што направивме со акцијата, сфативме дека вложивме малку за да направиме премногу.

Хуманите се поклонија на хуманоста.

Во организација на Рингераја денес свечено беше одбележано завршувањето на хуманата акција, а таму беа поканети сите кои дадоа свој придонес.

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, ја понуди својата безрезервна поддршка за било каква хумана иницијатива.

-Хуманоста треба да ни се случува секој ден. Затоа ние, заедно треба да придонесеме таа да стане секојдневен, природен и составен дел од нашата култура на живеење. Токму затоа како министерство, одлучивме да дадеме поддршка на овој проект, чија крајна цел е развој на хуманоста кај децата уште од најрани години, истакна Ристовски.

Јулијана Василевска ја раскажа приказната на Прегратка на дар, со многу емоции. Диригентот на оваа хумана мелодија, не остави простор да се верува дека тука навистина е крајот.

„Прегратка на дар“ нека биде само пружена рака за сите следни прегратки кои заедно ќе ги дадеме.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет