cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Граници, заштитна мрежа на женското ментално здравје

Жените често се учат да бидат полни со разбирање, достапни и силни и сето тоа истовремено. Да не разочараат, да не одбијат, да не „претеруваат“.

Граници, заштитна мрежа на женското ментално здравје

Но токму таму, меѓу очекувањата и тишината, почнува да се губи менталното здравје. Границите кои ги поставуваме не се ѕидови тие се заштитна мрежа.

 

Што всушност се граници?

Границите се јасни сигнали што им ги даваме на другите за тоа: што ни е прифатливо, каде завршува нашата одговорност и како сакаме да бидеме третирани.

Поставувањето граници не значи оддалечување од луѓето, туку приближување до себе.

 

Зошто на жените им е потешко да поставуваат граници?

Од нив се очекува да бидат добри и да понудат разбирање кон другите, па затоа вината често ја заменува грижата за себе, а одбивањето се доживува како себичност.

Но, од друга страна постојаното прилагодување доаѓа со цена која ја плаќаме со исцрпеност, анксиозност и тивко незадоволство.

 

Како недостатокот на граници влијае на менталното здравје?

Недостаток на граници или нејасно поставување на границите водат кон хроничен стрес, чувство на искористеност, потисната лутина, емоционален замор и губење на сопствениот идентитет

Кога постојано сте „тука за сите“, ризикувате кога ќе треба, а сами на себе си требате постојано. да не бидете тука за себе.

 

Здрави граници изгледаат вака:

  • Кога ќе кажете: „Сега не можам, но ќе ти се јавам подоцна.“
  • Кога ќе појасните: „Ова не ми одговара.“
  • Кога ќе одлучите: „Ми треба време за себе.“
  • Кога ќе бидете јасни и цврсти со ставот: „Не се чувствувам удобно со тоа.“

Без објаснување. Без оправдување. Со почит.

 

Граници не се себичност

Поставувањето граници ја зајакнува самодовербата, гради поздрави односи, го намалува стресот и создава простор за автентичност.

Кога сте психички добро, можете да бидете и подобра партнерка, мајка, пријателка, а без да се изгубите себеси.

 

Како да започнете?

  • Препознајте каде и поради што се чувствувате исцрпено.
  • Вежбајте да кажете не најпрво во наједноставните ситуации „не“, и тоа без да чувствувате вина
  • Набљудувајте како вашето тело реагира.
  • Дозволете си да почувствувате непријатност бидејќи таа е привремена.
  • И запомнете не сте одговорни за туѓите реакции.

 

Границите не нè прават ладни. Тие нè прават здрави, стабилни и присутни. Во свет што постојано бара повеќе од жените, границите се чин на самопочит и тивка, но моќна форма на грижа за менталното здравје.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет