Дневникот на Дедо Мраз

clock-img

18.12.2011

Можеби сте знаеле, а можеби и не. Но што ќе ви кажам сега, вистина е се!

Дневникот на Дедо Мраз

 

Пред големите празници, децата понекогаш и будни сонуваат.

И во тие соништа обично, што си сакаат сонуваат.

Но, јас сум човек во години, што се вели

и такво нешто не би сонувал, нели?

 

Но додека е жив човекот учи.

Еве мене што ми се случи...

 

Што и да прави, каде и да оди

Дедо Мраз, сфатив - свој ДНЕВНИК си води!

И тоа педантно, искрено и вешто

и од него може да се дознае сешто!

 

Сигурно ќе се прашате од каде тоа го знам?

Па...го видов лично, со свои очи - сам!

За да не помислите дека ве лажам,

кога веќе почнав, ајде да ви кажам.

 

Сношти на полноќ, во никоја доба

Дедо Мраз влета во мојата соба

- Заскитав - ми рече, низ вашиов крај.

Видов овде светло, па свратив на чај.

 

Се напивме чај, вечеравме чорба

и тој покажа во својата торба:

 

- Во торбава до скоро имаше сешто...

Ајде види дали останало нешто.

Знам, не си дете, но таков си е редот,

секому по нешто му остава дедо.

 

Што остана внатре, ни јас не знам што е

Но што ќе си фатиш нека биде твое.

 

Срамежливо, полека раката ја пикнав,

а кога ја извадив, радосно викнав

- Личи на книга, ама книга не е!

Ај, кажи ми дедо - ова што ли ќе е?

 

Дедо Мраз се сепна, ама сепак рече:

Ова ќе е твое само оваа вечер...

 

Тоа е дневник што јас си го водам,

ќе го вратиш утре, пред да си одам...

Можеш да го читаш, нема што да кријам,

многу сум уморен, ќе легнам да спијам...

 

Да заспие причекав, не сакав да итам

До зори имав време цел да го прочитам...

 

Тој тефтер, дневник, истуткан како баница

беше исполнет сиот, до последна страница.

Нешто беше потцртано, нешто малку избришано,

ама еве што последно беше напишано...

 

Казна

За оваа Нова Година

нема подарок за Ратко

Причина: Бегал од школо

и скршил три тегли слатко!

 

Награда

На третоодделенецот Томче,

вредно и умно момче,

другарите што ги смета за браќа,

му подарив таква јадица

- без мамец - риби што фаќа!

 

И ете, во дневникот се беше навезено

во таков стил и тон.

Па сега кога се прашувам,

ни самиот не знам дали е тоа вистина

или само Новогодишен сон.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет