Детска мода, Лето 2013
Модната марка Dolce & Gabbana не создава облека само за возрасните, туку и за младите госпоѓици и господа. Новата колекција на детски алишта и додатоци е наречена Bambino. Погледнете што е во мода ова лето
Детската модна колекција Dolce & Gabbana за Лето 2013, се одликува со јарки цветови - сино, розово, жолто, портокалово, кои што се прелеваат со пастелни нијанси на сино, кафено, темноцрвено и сиво. Во колекцијата многу добро се вклопува и белиот цвет, симболот на чистота и невиност.
Како дополнување на облеката дизајнерите се погрижиле и за додатоците за деца. Во колекцијата можат да се видат и прекрасни модели на сандали со силни цветни дезени, балетанки со прекрасни додатоци и чевли од мека кожа, за максимална удобност на децата.





