Да го испратиме летото

Детски песнички

Да го испратиме летото

 

 

Да го испратиме летото тивко и свечено,

летото кое со волшебна рака

плисна низ полето растопен бакар

и како голем сликар на ленено платно

нацрта сонце златно.

 

А беше предел од сува земја испукана,

припек од кого свенаа тревите

и мравја колона низ посевите,

беше жега од која прегоре цветот,

беше уморна птица во летот.

 

Да го испратиме летото тивко и свечено,

тој предел од стогови и од копи

што наскоро ќе го снема, ќе се стопи,

па во нас ќе остане некаква трага

како мал белег од удар на длето,

и можеби малечка тага

за едно топли, минато лето

 

 

Живко Николовски

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет