cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Борете се за детските права

,.Детската недела,, се одржува секоја прва полна недела во месец Октомври секоја година и трае седум дена.

Борете се за детските права

 

По повод престојната “Детска недела” којашто ќе трае од 3 до 9 октомври под мотото „Борете се за детските права“, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски на прес конференција информираше дека во периодот на Детската недела се обезбедува поддршка од сите општествени фактори во насока на подобрување на статусот на децата на еден симболичен начин со тоа што голем број институции ќе одвојуваат симболичен дел од своите средства кои се собираат врз основа на продадени карти за спортски настани, кина, театри итн.

Министерот Ристовски информираше дека годинава интерес за вклучување во одбележувањето на “Детската недела” пројавиле и приватни бизнисмени. 

Средствата, што по разни основи ќе бидат собрани во рамките на “Детската недела” ќе бидат наменети за заштита на најранливите групи на деца во земјава.

“Оваа година дел од средствата ќе бидат наменети за подобрување на состојбата и доразвивање на мрежата за грижа на децата на улица во различни форми, како Транзитниот центар, дневните центри за деца на улица и воспоставување  на Центар за рехабилитација на деца на улица”, рече министерот Ристовски.

Во оваа акција за промоција на правата на децата и нивната заштита е вклучен и Сојузот за грижи и воспитување на деца на Македонија кој го изработи и испечати промотивниот материјал.

Станува збор за плакати, поштенски марки, детски пасоши и беџови.

Марките можат да се купат по цена од 2 денари, 5 денари и 50 денари. Вакви марки ќе бидат лепени на поштенските пратки, картите за авион, автобус, воз. Парите од продадените марки, Сојузот ќе ги пренамени за некоја институција на ранливите групи на деца.

Во рамки на “Детската недела” ќе бидат организирани и посета на деца на Собранието на Република Македонија, ликовна изложба за деца од претшколска возраст, фестивал на детско поетско творештво и бројни други активности. 

,.Детската недела,, се одржува секоја прва полна недела во месец Октомври секоја година и трае седум дена.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет