Блог: И јас бев статистички 1 во 4
Денес сум мајка на три дечиња. Среќна мајка, горда мајка, богата мајка. Еднаш бев девојка со сон и копнеж да биде мајка во иднина. А пред тој сон да се оствари, бев таа, статистички една во четири
Сакам да и порачам на жената која се соочува со истата траума - не си сама!
И не е твоја вина.
И не те избегнуваат, само не знаат што да ти речат.
И не замерувај и на другарката, која е тазе мајка, што ги преплавува социјалните мрежи со фотографии на нејзиното бебе.
Не замерувај им на познаниците кои не знаат што ти се случило кога ќе те прашаат "кога бебе, ајде што чекате".
Не е лесно, знам.
Боли, знам.
Дај си време.
Исплачи се.
Викај, скокај, истерај го гневот.
Одмори се.
И потоа, исправи се и гледај напред.
Животот продолжува и носи нови предизвици но и нови радости.
Ќе биде добро! Ветувам!





