Биохемиска бременост: причини, знаци и што следува понатаму?

Биохемиската бременост е рана загуба на бременоста која се случува многу рано, најчесто пред да може да се види гестациското ќесе на ултразвук.

Биохемиска бременост

Жената може да дознае дека е бремена преку позитивен тест за бременост, но неколку дена подоцна нивото на хормонот опаѓа и се појавува менструација.

Иако ова искуство може да биде емотивно тешко, важно е да се знае дека биохемиската бременост е релативно честа и во повеќето случаи не значи дека постои сериозен здравствен проблем.

 

Што е биохемиска бременост?

Биохемиска бременост се дијагностицира кога тестот за бременост покажува присуство на хормонот Human Chorionic Gonadotropin, но бременоста престанува да се развива пред да може да се потврди со ултразвук.

Во пракса, тоа значи дека оплодувањето се случило, но ембрионот не успеал да продолжи со нормален развој.

 

Најчести причини за биохемиска бременост 

Во многу случаи точната причина не може да се утврди, но некои фактори можат да придонесат како што се:

  • хромозомски абнормалности кај ембрионот,
  • хормонален дисбаланс,
  • проблеми со имплантацијата во матката,
  • нарушувања на имунолошкиот систем,
  • проблеми со тироидната жлезда.
  • стрес или физичка исцрпеност

Најчеста причина се генетските абнормалности, кога ембрионот не може правилно да се развива.

 

Симптоми на биохемиска бременост

Многу жени дури и не забележуваат дека имале биохемиска бременост. Симптомите може да вклучуваат:

  • позитивен тест за бременост,
  • доцнење на менструацијата,
  • посилно крварење од вообичаено,
  • благи грчеви во долниот дел на стомакот.

 

Може ли да се спречи?

Во повеќето случаи биохемиската бременост не може целосно да се спречи, особено ако причината е генетска. Сепак, здравиот начин на живот може да го намали ризикот од одредени фактори.

Корисно е да се:

  • воведе и практикува балансирана исхрана,
  • избегнува пушење и внес на алкохол,
  • се контролираат хормоналните нарушувања,
  • се зема фолна киселина пред и за време на бременоста,
  • се прават редовни гинеколошки прегледи. 

 

Дали може повторно да се забремени по биохемиска бременост?

Во повеќето случаи, жените кои доживеале биохемиска бременост можат повторно да забременат и да имаат здрава бременост. Дури и се смета дека биохемиската бременост покажува дека оплодувањето е можно.

 

Биохемиската бременост е рана загуба на бременоста која најчесто се случува поради природни генетски причини. Иако може да биде емоционално тешка, таа обично не влијае на плодноста во иднина. Со здрави навики и редовни медицински контроли, шансите за успешна бременост во иднина остануваат високи.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет